(Обновено)

 

Историјата не учи , а архелогијата на основа на ископаните записи тоа го потврдува, дека на водата во секојдневниот живот отсекогаш и се придавало посебно значење.
Во Мојсеевото Петокнижие наоѓаме дека Бог преку Мојсеј му заповедал на својот народ (Израелците) себе и сите работи да ги испере со вода и дека е нечист до вечерата секој кој ќе се допре до нешто нечисто (Левит).

Покасно, кога царството се поделило на Израел и Јудеа, јудејците имале обичај на почетокот на секој месец, клечејки на коленици да му принесуваат молитви на Бога за – според нивното верување – среќно да го поминат целиот месец. И тие тогаш, според незнабожечките обичаи, ги попрскувале домовите со обична вода и палеле оган пред своите домови, прескокнувајки го огнот мислејки дека така ги спалуваат сите несреќи што можеле да ги снајдат. Слично на јудејците ова го правеле и понекој христијанин, и тоа траело се до 691год. по Христа кога во Цариград е одржан шестиот Вселенски собор (Трулски) кога овој обичај е забранет,како пагански, во своето 65 правило.

Водоосветувањето како чин во Православната црква го вовел во редовна пракса 132год. по Христа епископот римски Александар, но тоа води потекло од св. апостол и евангелист Матеј кој оставил заповед: “ За водата и маслото  наложувам, јас Матеј, да се благословува, епископот да ги осветува водата и маслото, а ако нема епископ тогаш да ги благословува презвитер заедно со ѓаконот”. Оттаму дознаваме дека чинот на водоосветувањето е апостолска установа. Според тие установи дознаваме дека ефектите на водоосветувањето се овие: со попрскување на света вода (агиазма) се подобрува здравјето, се исцелуваат болести, се отстрануваат злите духови и лоши мисли и т.н.

Бидејќи е Пресвета Богородица застапничка на сите христијани, при водооветувањето Нејзе и се вознесуваат молитви, за сите оние што ја користат светата вода, со Нејзино застапништво стекнат среќа на овој и блаженство на оној свет во вечниот живот.


Во евангелието кое се чита при водоосветувањето се опишува настанот кога Господ Исус Христос го излечил во бањата Витезда парализираниот болен (раслабениот). Оваа бања, според историчарите, а св.Евангелие го потврдува, подигната на “овчата бања” (кај овчата врата ). Ако се повикаме на Библиската археологија, дознаваме дека:

1.    Ерусалимскиот храм е изграден на крајот од градот т.е. покрај самите градски ѕидини,
2.    Една од вратите преку која се влегувало во дворот на храмот, служела за влез на овците поради припрема за жртвата сепаленица, па затоа е наречена ,,овча врата’’ ,
3.    Недалеку од таа врата морало да постои бања во која ги миеле овците од секоја нечистотија, бидејќи според III книга Закони (левит) само чисти и здрави животни можеле да бидат принесени за жртва, па затоа оваа бања е наречена “овча бања”.

 Постои оправдана претпоставка дека оваа бања всушност било кладенец, а дека водата во него била лековита. Лековитоста на водата е воочена, како што и денес бива во многу случаеви, така штонекоја болна овца избањата во оваа вода, брзо оздравувала.

    Лековитите води,денес како и во она време,претставуваат Божја милост, па бањата подигната на ова место го добила името Витезда (од еврејските зборови бет=куќа, и хесет-хасда=милост).
    Во оваа бања, како што вели Евангелистот, еднаш во годината слегувал ангел Господов и ја заматувал водата, па оној кој по заматувањето на водата прв ќе слезел во бањата и се измил станувал здрав, од и да болест болдеувал.

    По читањето на евангелието свештеникот кажува ектемија во која го моли Бога за осветување на водата и за верните кои ќе ја користат, а потоа зема во раката крст и босилок и заедно ги потопува крстејќи ја водата три пати и пеејќи го тропарот на Крстовден, во кој го моли Бога да подари победа над непријателите во домот каде се врши водо осветувањето, чувајќи го со својот Крст животот на верните:
    Спаси Господи људи Твоја, и благослови достојание Твоје, побједи православному дому сему, на сопротивнија даруја, и Твоје сохрањаја крестом Твојим житељство.

    Осветувањето денес се врши секогаш кога треба домот да се подготви за свеченост, дочек и прослава, во прв ред Велигден, а потоа и домашните слави, за со попрскување со агиазма за домот да се очисти и освети за достојно да се дочека празникот, а со самото тоа да се прими и самиот Бог кој е вечно присуте секаде и на секое место.

    Исто така, свештеникот треба да се повика да изврши водоосветување во дом во кој некој од жителите умрел и при тоа  ќе се помоли на Бога, на останатите жители да им даде утеха и да ги ослободи од смртниот страв, а домот да го очисти со попрскување со светата вода.

    Осветената вода по попрскување на домот никако не треба да се фрла, туку треба да се искористи ставајќи ја во јадење кое се спрема за исхрана на домашните, било во текот за дочек на празникот или на самиот ден на празникот, додека водата која е осветена за славата треба да се употреби за спремање на славскиот колач.

 Sveti.voda.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Друго:

 

Извадок:

Свети Димитриј Херсонски пишува:„Светата вода има сила да ги осветува душите и телата на сите што ја користат.Ако се користи со вера и молитва,таа ги лекува сите наши телесни болести“.


Преподобниот Серафим Саровски на поклониците по исповед секогаш им давал да се напијат по една чаша богојавленска вода.


Преподобен Амвросиј Оптински му испратил шише со света вода на болниот на смрт и неизлечивата болест исчезнала на изненадување на лекарот.

  • Недела на Раслаблениот
  • Недела на раслабениот
  • Четврта Недела по Пасха – на Раслабениот- Митрополит Антониј (Блум)

 

 

28.07.2018 лето Господово