Не, не е прекратка Господовата рака за да спасува, ниту увото Му е глуво за да не чуе, туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог.
Вашите гревови го сокрија Неговото лице, и Тој веќе не ве слуша. Зашто вашите раце се облеани со крв, а вашите прсти во злостори. Усните ви изговараат лага, а јазикот произнесува неправда.
Никој не подига глас за правда, ниту некој се застапува за вистина!

 Не, не е прекратка Господовата рака за да спасува, ниту увото Му е глуво за да не чуе, туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог.
Вашите гревови го сокрија Неговото лице, и Тој веќе не ве слуша. Зашто вашите раце се облеани со крв, а вашите прсти во злостори. Усните ви изговараат лага, а јазикот произнесува неправда.
Никој не подига глас за правда, ниту некој се застапува за вистина!
Се надеваат во ништожество, кажуваат лага, зачнуваат злоба, а раѓаат беззаконие. Лежат врз змијски јајца, ткаат пајакова мрежа; ако го изеде некој нивното јајце, умира, ако го скрши, од него излегува лута змија.
Не е можно да се облече нивното ткаење; не можеш да се покриеш со нивното ракоделие. Нивните ракоделија се злосторнички дела, прават насилство со своите раце.
Нивните нозе итаат кон злото, и се брзи за да пролеат невина крв. Мислите им се злосторнички, пустош и пропаст се на нивните патишта.
Тие не го познаваат патот на мирот, нема правда на нивните патеки. Ги искривија своите патишта, кој тргнува по нив, го губи мирот.
Затоа правото се оддалечи од нас, затоа правдата не достига до нас.
Се надевавме на светлината, а тоа темнина дојде; и на виделина, а тоа сега во мрак одиме.
Пипаме како слепци вдолж по ѕидот, тапкаме како без очи. Се сопнуваме на пладне како во примрак, сосем здрави сме, а како да сме мртви.
Сите ‘ржиме како мечки, и стенкаме тажно како гулаби.
Го чекавме судот, а него го нема, и спасението - далеку е од нас. Зашто се многу нашите престапи пред Тебе, и нашите гревови сведочат против нас. Навистина, нашите престапи се пред нас, ние ја знаеме нашата вина; се побунивме и Го одрековме Господа, се одметнавме од својот Бог, зборувавме подмолно, одметнички, мрморевме лажливи зборови во срцето.

 

 

Избор од фб профил на Мисионерски центар

 Друго:

bogorodica.k.dol.jpg

Светиот пророк Исаија

Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Ерусалим од татко Амос, брат на јудејскиот цар Амасиј. Според големата Божествена благодат што беше во него, Исаија се удостои да Го види Господ Саваот на небесниот престол, опкружен со шестокрили серафими, коишто непрестајно пееја: Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот. Исаија им пророкуваше многу нешта како на одделни луѓе така и на народите.

Еднаш три дена одеше сосем гол по улиците ерусалимски пророкувајќи го брзиот пад на Ерусалим под Асирскиот цар Сенахерим и опоменувајќи ги царот и народните главешини да не се надеваат на помошта од Мисирците и Етиопјаните, бидејќи и тие наскоро ќе бидат покорени од тој истиот Сенахерим, туку да се надеваат на помошта од Севишниот Бог.И ова пророштво како и останатите се исполни до збор.

Но најважни беа неговите пророштва за воплотувањето на Бога, за зачнувањето на Пресветата Дева, за Јован Предвесник и за многу настани од животот на Христос. Овој видовит маж имаше, заради чистотата на своето срце и заради ревноста кон Бога, дар на чудотворство од Бога. Така, кога опседнатиот Ерусалим страдаше од жед, тој се помоли и потече вода под гората Сион. Таа вода е наречена Силоам (пратена); и на таа вода го упати подоцна Господ слепородениот за да се измие и да прогледа.

Во времето на царот Манасија, кога Исаија грмеше против незнабожечките обичаи на царот и на главешините, изедначувајќи го тогашното поколение со Содом и Гомор, против овој голем пророк се дигна гнев од народот и главешините и беше фатен, изведен надвор од Ерусалим и стружен со бичкија.

Живееше и пророкуваше 700 години пред Христа.