3.angeli.so.truba

Поуки за негувањето нечистотија и за себеиспитувањето


Главна причина на проблемите кои најчесто ве следат скоро цел живот, е тоа што сте ги засакале валканиците кои ги носите во себе и што очекувате дека таа нечистотија треба некој друг да ја исчисти од вас. А доколку некој се обиде, добивате напади на хистерија и бес... Проблемот е саможивоста, егоизмот и крајниот кукавичлук кој живеат во вас и се хранат со вашата нечистотија.


Повеќе сакате да живеете во агонија и самосожалување, отколку да ја отфрлите смрдеата од вашиот карактер и живот и да го живеете животот заради кој сте родени. Животот кој Бог го замислил кога ве создал.
Апостолот вели да се испитуваме себеси дали сме во благодат. Ако се видиш себеси дека не си во благодат - бегај! Само луд или помрачен човек може рамнодушно да останува во состојба која го одвојува од Бог.


ОТЕЦ  ГЕРВАСИЈ АГИОРИТ

Избор од фб профил на

Maja Beleva