3.angeli.so.truba


Сакам да бидам со мојот возљубен Христос, па дури и ако тој е во пеколот

Врската со Бога, она што ние го нарекуваме духовен живот, е толку едноставна и радосна, но ние ја правиме толку комплицирана и заморна, мачна и неспокојна, исполнета со вина, стравови, конфузија, негативност и роптање. И сето тоа затворено во еден израз: егоизам. Да, тоа е гордост и егоизам. Затоа што сакаме да контролираме сè, да одредиме се и да победиме во се. Бог во нашиот џеб а спасението во нашите придобивки. Сè да биде контролирано од нашето его. Од толку интелигенција, толку многу ум, толку егоцентризам и контрола, каде би можело да има простор за да се случи едно “чудо”?
Живееме потонати во нашиот разум. Задушени сме од светската и душевната вознемиреност. Едните  мислат на земните грижи , други се преокупирани со “небесните грижи”, но сите се под стрес. Сите бараат некаков профит за себе а никој не ја бара љубовта. Ние не се грижиме да го сакаме Христа, туку да го освоиме Рајот. Затоа имаме напнатост, мисли, страв и конфузија. Затоа што не Го бараме Него,туку наградата од Него. Помалку го сакаме,а  повеќе се плашиме од него и уште толку го експлоатираме. Се плашиме да одиме во пеколот, но нашиот живот на крајото  сепак станува пекол бидејќи пеколот значи да не љубиш , да не бидеш со својата сакана.
Еден од светите отци велеше: „Сакам да бидам со мојот возљубен Христос, па дури и ако тој е во пеколот“. . ".Љубовта не гледа на наградата, туку на страста. Воскреснува во присуство на другиот, умира во негово отсуство. Толку многу стрес вгнездивме во нашиот живот обидувајќи се да се „спасиме“ што на крај го уништуваме најголемиот Божји дар - самиот живот. Сигурен сум дека кога Бог “ќе не види”, ќе ни рече: „Зошто?“ „Зошто сте толку исплашени? Зошто не се осмелуваш да го живееш тоа што го дадов и ти го подарив, дарот на постоењето? Шеми, книги, разговори, мисли, духовни вежби и подвизи за хранење на егото. И во исто време забораваме да живееме, да благодариме, да го славиме Бога за Неговите дарови, можностите што ни ги дава, Неговото присуство, кое е насекаде, но кое забораваме  да го видиме зафатени со сопственото „спасение“?
Сега, кога вирусот нè заклучи во нашите домови, сите се присетивме на вредноста на прошетката. Со телото што ни е дадено од Бога да чекориме, да слушаме, да гледаме и да чувствуваме... да ги чувствуваме нашите стапки, здивот, срцето како чукаат, со целосно присуство во она што го правиме. Сега ја разбравме вредноста на пријателите, човечките лица во нашите животи. Што значеа зборовите на еден од светите отци, кој плачеше затоа што не видел човек со денови? Или зборовите на игуменот, кој, на прашањето, дали некогаш сте виделе чуда во вашиот живот? Тој одговори „Да, Човек!“.
Сега ни недостасуваат нашите најблиски, пријатели, родители и роднини. Сите оние кои, со толку многу изговори одбивавме  да ги видиме и да ги споделиме нашите мигови со нив. Еден напуштен, неизживеан живот. Истрошени денови и натрупани моменти како трупови во нашите срца. Отворете го прозорецот, мириса на осаменост. Отворете  за  да влезе Христа, луѓето, животните, созданието, животот што ни е даден и кој го ”убиваме” без срам.

Отец Александар Шмеман рече дека постои еден грев - да се живее како Бог никогаш да не дошол на земјата. Понизно ќе додадам дека е голем грев да се плашиш да живееш, но и да трепериш за да не умреш. Бог не ни даде живот да мразиме и убиваме, туку да се преобразиме. Нека сегашноста стане вечност на Неговото идно кралство.

Отец Харалампиј Пападопулос


Превел Симеон Стефковски

 

 1ви февруари 2021 лето Господово