TVITER42

Демоните кога ќе ја започнат борбата не одат таму каде што ќе ги победиш без приговор, туку се обидуваат онаму каде што имаш слабости, каде што воопшто не ги очекуваш.
Така, ја поткопуваат тврдината  и кога ќе пронајдат болна душа и слабост, го напаѓаат човекот при што го прават одговорен за неговата состојба.


Бараш благодат од Бога?
Наместо благодат ти допушта искушенија!
Не ја издржуваш борбата и паѓаш?
Нема да добиеш додаток на благодатта!
Повторно бараш?
Повторно искушенија!
Повторно пораз?
Повторно недостиг!


 И така до крајот на животот. Значи треба да победиш!
 Истрпи го искушението до самата смрт!
 Падни во борбата како труп, повикувајќи како парализиран:
„Нема да Те оставам најсладок Исусе, ниту ќе те напуштам!
ќе останам неразделен од Тебе во веки!
И заради љубов кон Тебе ја испуштам душата на бојното поле.“
И оддеднаш се појавува на бојното поле и повикуа  низ бурата:
 „Овде сум, заврзи го својот појас како маж и следи Ме.“
 Ти пак, целиот си светлина и радост.
Тешко мене, бедниот, тешко мене, лукавиот и непотребниот!
Најпрвин со слухот те слушнав, а сега и моите очи те видоа и згрешив спрема самиот себе..“


Старец Јосиф - Исихаистички сведоштва  (извадок)

 

Јуни 2021 лето Господово