3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Во потрага по своето изгубено "јас"
 - архимандрит  Варнава Јанку -


    Рано наутро мироносиците отишле на грoбот Христов, за го помажат Неговото Тело со миро но, имало две ненадминливи тешкотии (Маркo 15:42-16:8). Од една страна, пред Гробот имало еден камен, кој не можеле да го поместат на страна, за да влезат, а од друга страна, постоел стравот од јудеите, кој ги принудил учениците да се затворат во една куќа и да не излегуваат оттаму.
    Сепак Ученичките го надминале тој страв, како и својата нерешителност  поради непристапниот гроб, и отишле да го помажат Телото Господово со ароматни масла. Она што ги натерало да ги надминат стравот и безизлезот, била нивната голема љубов кон Христос. Според зборовите на светиот Јован Богослов, совршената љубов го истерува стравот (1 Јован 4:18) - љубовта го прогонува стравот, ги прогонува безизлезите, ги прогонува тешкотиите.
    Кога човекот нема расположение да возљуби во таа смисла, тој не може да се ослободи од своите стравови. Всушност поскоро стравовите, несигурностите и ризикот, кои врската ги претполага, водат до духовна и душевна неспособност да се возљуби другиот човек.
    Во духовниот живот е неопходно човек да има внатрешно расположение да го возљуби Бог. Но, воколку Бог за нас не е жива реалност, воколку човекот не чувствува љубов кон вистината, кон животот, тој не може да стане приемник на Божјите дарови. Затоа што кога тргнуваш по духовниот пат, кога ја  започнуваш својата  духовна борба, личната аскеза и барањето на Бог, во тебе постои една неопфатлива празнина, еден огромен сомнеж и ти чувствуваш, дека молитвата ти останува напразна. Тогаш реално треба да имаш мажественост, за да можеш да претприш и да настојуваш во молитвеното барање на Бог.
    Стравот, дека таа наша борба ќе остане напразна, беспаќето, дека Бог не може да се открие во нашето срце, очајанието нé води во откажување на личната врска со Него. Нé води во униние, леност, во духовно венеење и индиферентност и тогаш ја отсекуваме секоја надеж за спасение и врска со Бог.
    Човекот има мажественост тогаш, кога ги има тие дадености - од една страна, сознанието за својот личен пад и страсти, од кои е зависен, а од друга страна, сомнежот, кои постои во него: "Како е возможно Бог да се открие во мојот живот, да стане моја радост, имајќи ги предвид овие состојби?" - но, продолжува и настојува во својот духовен пат. Паралелно пак, со тоа, и покрај сите потшепнувања на светот, дека средбата со Бог не може да се случи, ако човекот продолжи настојбено да го бара Бог, тоа значи, дека тој во себеси ја има како критериум љубовта. Само љубовта кон вистината, кон животот, може да го поттикне да ги надмине тие тешкотии.
    Во таа смисла ниту еден религиозен систем, колку и да нé плаши со адот, неможе да нé убеди и да нé провоцира да го побараме Бог. Истото се случува и во меѓучовечките односи. Она, кое што го спречува човекот да го возљуби и да го познае другиот човек, е стравот и несигурноста, дека може да стане ранлив во врската и објект на експлоатирање. Имено тој ризик, кој ја сокрива љубовта во една врска, го тера човекот да ги заснова односите врз својата логика, врз својата справедливост, а не врз внатрешното расположение на своето срце.
    Но, дури  и расположенито на срцето да е позитивно, човек може да не знае да го управува. Затоа што може да се тргне со добро расположение но, во даден момент да почувствува, дека не го добива она, кое што го очекува, и дека дава повеќе отколку што зема и така влегува во светско разбирање на нештата, во еден рационализам на справедливооста, согласно на кој, тој сака да ги постави нештата на своето место. Така се добива конкуренција и судир со другиот човек.
    Човекот не може да возљуби ако е подозрителен (сомнежлив) и несигурен. Од моментот, во кој почнуваш да стравуваш, дека твојот човек може да те измами, да те експлоатира, да те исмејува и да не ти го дава она, кое што ти му го даваш, невозможно е да возљубиш. Можеш да кажеш: "Ама јас имам индикации, основанија и докази, дека не ме љубиш." Всушност ти, кој тргнуваш со таква предумисла, си дури полош. Затоа што не ја создаваш онаа поддршка, која може да го натера другиот да се почувствува пријатно до тебе, за да ти се открие.
    Следствено тој мит,  дека давам повеќе отколку што земам, во себе крие нешто друго, нешто подлабоко - ние не сме подготвени да возљубиме вистински, крстно, жртвено. И не само што не сме спремни, туку и не сме способни. Која е причината за тоа? Зошто за да ја имаш причината да возљубиш, треба да знаеш што значи да љубиш. Тоа значи, дека ќе го запознаваш другиот и ќе се бориш за него. Човекот всушност за љубов го нарекува балансирањето во врската или нејзиното анализирање, за ги да разбере интелектуално дејствата на другиот. Тоа не е знаење, ниту љубов. Тоа е една мачна услилба на човекот да суштествува заедно со другиот но, не и да го возљуби. Љубовта всушност ги надминува границите на вообичаеното сожителство.  Не можам да возљубам, т.е. да ја избегнам својата несигурност, ако не сум ја пронашол својата лична вредност. Човекот, кој не ја знае вредноста, која ја има во себеси, вредноста, која Бог му ја дал и не го негира тој факт на животот, човекот, кој не се вдлабочил во своето битие и не нашол нешто значајно во него, кое ќе го натера да живее, не може да возљуби. Токму таа негова мала вредност, тој негов недостиг, таа негова неспособност го тера да бара алиби. А алибито му е тоа, дека другиот не се однесува добро со мене, "не се однесува онака, како што јас се однесувам со него".
    Следствено борбата се случува внатре во нас, каде што се наоѓа основата во поголем степен, и после тоа и надвор од нас, во односите со другиот човек. Кога всушност во себе имаме униние, ни тежи, дека живееме и не се радуваме, дека живееме. Кога не ја бараме во себеси својата духовна грдост и не се дрзнуваме да ја побараме, тогаш  ја исцрпуваме сета таа болна состојба во обиди за меѓуличносно општење, а  резултатот е траен судир и трајна самотија.
    Понатаму, сето тоа се извршува во нашето срце. Како може да се најдеме себеси, своето изгубено јас? Тоа јас, кое Бог го сака и има вечна вредност? Барањето на нашето јас е нашата борба; тоа е битката да пронајдеме нешто убаво во самите нас, на кое ќе се воодушевиме и ќе го возљубиме, бидејќи Бог ни го порадил. Ако не ја водиме таа борба и ако не видиме, дека имаме претпоставки и за смирение и за трпение, и за аскеза и за воздржание, и за молитва, ако не ги пронајдеме сите големи можности, к ои ги имаме во себеси, така што нашата минливост и ефемерност да се сврзат со вечноста, тогаш ништо не можеме да направиме.
    Ние сме затворени во ефемерното и минливото и сите наши мисли се исцрпуваат во тоа. Но, тогаш сите наши дејствија ќе бидат расипливи (тлени), а љубовта лажлива. Најмногу може да постојат моменти на задоволство и ентузијазам но, нема да суштествува онаа длабочина, која ќе ни дозволи да ја претрпиме неправдата, како и тоа како да ја претвориме во благослов. Тоа има врска со едно друго лично барање на сврзувањето со нашето јас - барњето на врска меѓу минливото и вечното.
    Мажественоста е во тоа: да се убедам себеси и да разберам, дека мојот живот не е нешто минливо и да успеам да го сврзам ефемерното со вечното. Знаете ли колку мажественост е потребна, за да разберам, дека мојот живот е подготвителна етапа на вечноста? Така што, да се подвизувам да го примам тоа, да го преживеам, да стане мое лично преживување и сите мои дејствија да се проекции во вечноста.
    Што означува сите мои дејствија да се проекции во вечноста? Да објасниме. Христијанинот се подвизува за рајот, т.е. го поврзува делумното со целото, со вечното. Неговите дејствија се проектираат во вечното и неговите дејствија имаат вечна вредност.  
    Ако човекот го осознае тоа и се возљуби во таа смисла себеси, ако ја разбере вредноста, која ја има, тогаш не се фокусира на справедливоста во тесната смисла на зборот, туку задобива егзистенцијална чувствителност и го восприема во своето срце позитивно секое дејство на својот ближен. Кое е воздејството врз неговото срце? Не интелектуалното "тој се понесе добро со мене и се радувам за тоа", чувствителноста дека во тие постапки може да ја открие љубовта. Дури и во негативните постапки може да се открие Христос. Од сите тие постапки да земе повод, за да се соединиме уште повеќе со својот човек. И преку грешките и неправдите.
    Но, ако сум еден ефемерен, минлив и пропадлив човек, ќе си мислам за тоа што ми направил другиот вчера, што ми направил завчера итн. Тогаш ќе влезам во една мисловна шема, које ќе ме принуди да се стравувам да не бидам онеправдан од другиот и во мене ќе се породи сомнеж. Сето тоа го прави човекот злобен. Тој всушност е злобен, оти не се сврзува со вечното и со Христос.
    
    Извор: https://www.bogonosci.bg/%d0%b2-%d1%82%d1%8a%d1%80%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%be%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%83%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%b0%d0%b7/


    преведе од бугарски: М.Б.

 

 27ми јули 2021 лето Господово