TViTer349

За прифаќање на сопственото Jас
( прв дел )

          Toa, што го губам, ме тера да барам; она што „до болка“ ми недостасува ме поттикнува да барам. Моите најдлабоки рани ми ги отворија вратите на творењето и создавањето. На крајот на краиштата, историјата ја пишуваат нашите најдлабоки загуби.
Најисцрпувачката, најзадушувачката личност што некогаш сум ја сретнал во животот беше моето Јас. Другите беа само огледала.
Колку улоги може да издржи една личност? Колку „животи“ во еден живот, кој постојано бара од нас да го живееме својот сопствен?
Најчесто зад фразата исполнета со емоција „Ми недостасуваш. . .“ звучи нешто погласно и заглушувачки повистинито: „ Си недостигам себеси“; тоа е најболниот недостаток кога ќе откриеш дека ти недостасува твоето Јас, самиот живот.
Во нашиот напор да станеме натчовечни, ја губиме можноста да останеме само луѓе. „Честопати не е лесно да се соочиш со одговорноста од соништата. Особено кога знаеш дека за да ги реализираш треба да се бориш со сопственото јас, а пред се со твоите најголеми стравови“.
            Не осудувајте се остро себеси и другите. Вие не сте совршени, прифатете го тоа. Ама и другиот не е, истрпете го. Денес можеби сте направиле грешка, но утре можете да направите и да доживеете нешто многу убаво и вредно. Среде падот, обидете се да не генерализирате: „Не правам ништо добро. . . Никогаш нема да успеам. . .“ Нема поголема замка. Всушност, тоа е автогол за нашата вредност како луѓе. Она што не издвојува не се нашите грешки, туку целиот наш живот. Сè е преобразено со Христос. Животот е постојана промена. Ти не си статуа, ти си река што тече меѓу бреговите на животот.
Никој не е лош; ние сме повредени.
          Се будите и вашето тело се чувствува уморно. Како да не сте спиеле воопшто синоќа. Утрото ве наоѓа повеќе уморни од моментот кога сте легнале. И бидејќи умот секогаш кажува лаги, Бог ни го дал телото кое не знае да лаже ниту да  лицемери и ни кажува една вистина дека сме ја поминале ноќта на невидливи сцени од нашиот живот.
Да, јас не сум совршен. И да ти кажам? Совршенството ме остава ладно рамнодушен. Со години престанав да верувам во моите доблести. Јас верувам само во бесконечната љубов Божја, иако месојадците на моите соништа макотрпно се бореа да ме убедат во спротивното. Но и јас сум виновен. Затоа што иако страдав, не научив. Иако присуствував, никогаш не добив диплома. Сè уште не сум разбрал и не можам да разликувам предавник од невин. Сите ми изгледаат исто. На прв поглед гледам невиност насекаде. Дури и оние на кои би сакал да им „наштетам“, длабоко во себе ги сакам. Каменот што ќе го земам на крајот го претворам во камче на морскиот брег.
            Мачејќи се да се откажеме од храната, веројатно обилно ја храниме нашата себичност.
Да, малтретирањето е суров и нечовечки чин. Мора да се изгони од секоја педа земја. Но, дали да ти признаам нешто многу лично? Најлошото малтретирање што некогаш сум го видел во мојот живот беше она низ кое се ставав себеси со години, камшикувајќи ги во себе  секоја моја мечта и желба.

TViTer348
           Колку пати сме се почувствувале сами во толпата? Тоа е затоа што душата ги мери далечините со љубов, а не со мерна лента.
Добро ја познавам оваа неделна меланхолија а особено во приквечерината. Дали знаете зошто тогаш сте секогаш помеланхолични? Затоа што се чувствувате предадени, за моментите и часовите кои ги изгубивте без да ги живеете. Велите: „Готово е, готово е!“ Да не зборуваме дека кога нè учат дека е празник и треба да бидеме среќни, некаде во нас се бунтуваме.Како радоста да цвета во "мора". Но запомнете, не мора да се чувствувате добро само затоа што е недела или празник. Не мачете се да почувствувате нешто што не сте подготвени да го доживеете. Не заборавајте дека ако вашето срце не сака да го доживее и обои секој ден, час и момент, ниту еден календар не може да го направи тоа. Дополнително, ќе дојдат и други недели, бидете спремни, Господ не е поврзан со календари, туку со човечките срца.

Продолжува

TViTer350
Автор - Отец Харалампиј Пападопулос (  од книгата Живот без рецепти )
Извор - sveticarboris.net


За Преминпортал – Симеон Стефковски

 20ти август 2022 лето Господово