TVIT80

ДУШАТА ВО МОМЕНТОТ НА ЗАЧНУВАЊЕТО

Покрај теолошкото значење во однос на Пресвета Богородица и Христос, празникот Зачнување на Света Ана содржи и друго значење. Со празнувањето на овој празник, Црквата му дава богословско објаснување на зачнувањето на секој човек. Имено, дека душата постои веднаш од моментот на зачнувањето, уште пред да се формираат органите на човечкото тело. Со оплодувањето и зачнувањето се јавува човечко суштество кое се состои од тело и душа. Во оваа состојба, се разбира, телото сè уште не е формирано. Матичните клетки сè уште не почнале да се разликуваат за да станат органи и да го направат телото комплетно. Како и да е, човекот постои во вид на клетки, гени и сиот генетски материјал, бидејќи според учењето на Црквата, на денот на зачнувањето не може да има душа без тело, ниту тело без душа.

TVIT81

                 Црквата ги празнува деновите на зачнувањето на некои светители - Богородичното на света Ана, Јовановото на Света Елизавета и Христовото на Пресвета Богородица  - Благовештение. Од тој момент тие се развиваат како полнотни човечки суштества.
Што се однесува до Христос, Богочовекот го започнал Своето постоење од првиот момент на зачнувањето, кога, за да ја победи смртта, примил целосно чиста, но подложна на распаѓање и смрт, човечка природа. Не постои интервал помеѓу создавањето на телото и придобивање на душата. Од самиот почеток, човечката природа постои заедно со душата. Овој факт светите отци го потврдуваат во врска со Христовата човечка природа и нејзиното обожение.
Според свети Јован Дамаскин, Христос уште од самиот почеток „од првиот момент на зачнувањето“ ги примил душата и телото, т.е. она што ние го нарекуваме човечка природа. Ова значи дека нема живот во ембрионот ако не е присутна душата; непосредно со зачнувањето и почетокот на животот, почетокот прима  и душата.
Во „Лествицата“ на свети Јован се вели дека душата не е создадена ниту пред телото ниту после него, туку веднаш во моментот на неговото појавување. Затоа, телото „добива душа при зачнувањето“. Колку повеќе се развива телото, толку повеќе душата ги манифестира своите енергии. Така беше и при зачнувањето на света Ана. Марија го започна своето постоење од самиот почеток, иако нејзиното човечко тело сè уште не беше формирано, но кое се случи во процесот на органогенеза.
Празниците кои ги одбележуваат зачнувањата покажуваат дека не може да се тврди дека постои разлика помеѓу оплодената јајце клетка и ембрионот или дека генетскиот материјал се поврзува со душата со текот на времето. Плодот е човечко суштество од самиот момент на зачнувањето, но неговите телесни органи се развиваат постепено и енергиите на неговата душа се манифестираат во согласност со неговиот развој.
Ние се однесуваме со уважение кон зачетието на секое човечко суштество. Го почитуваме зачнатото дете како создадено од Бога преку родителите и го чекаме неговото раѓање, за да може потоа духовно да се обнови преку Крштевањето, Миромазанието и Евхаристијата. Животот на човекот е од голема вредност, но уште поголема важност има неговото блаженство или обновување. Затоа, Црквата внимателно ги следи сите фази на развојот на ембрионот и детето. Таа се радува и се моли за нив, му благодари на Бога за нивното зачнување и раѓање и ги воведува во црковниот живот преку светите тајни. Ги причестува по Крштевањето и Помазанието и очекува тие да станат светители и жители на Божјото царство.

TVIT82
          Тоа значи дека Црквата не ги одобрува дејствијата насочени кон уништување на човечкиот ембрион. Свети Василиј Велики напишал дека „не ни е дадено да истражуваме дали фетусот е формиран или сè уште е неоформен“. Тоа го вели во врска со теориите кои постоеле во негово време, според кои постои суштинска разлика помеѓу формираниот и неоформениот зародиш. Сепак, ембрионот добива душа во моментот на неговото зачнување. Тој е човек од моментот кога е зачнат, а ако биде уништен и умре, тоа се смета за убиство.
          На тој начин, празниците на нашата Црква, чествувајќи ги зачнувањата, ја откриваат и нејзината антропологија. Душата постои во човекот од самиот момент на оплодувањето, затоа од самиот почеток ембрионот мора да ужива почит, заштита и љубов на сите нас.

Автор: митр. Јеротеј Влахос  / Извор: „Богородични празници“ / bogonosci.bg
За Преминпортал Симеон Стефков

 20ти јануари 2023 лето Господово