Goran.Kristina12

Бракот, голема тајна
           Бракот е, прво: еден пат на болка, второ: пат на љубовта и трето: пат кон небото, Божји призив. Бракот е, како што вели Светото Писмо, „тајна голема“.
Жената е срцето. Мажот е „главата“. Жената е срцето што љуби. Таа е постојана во тешкотиите низ кои минува мажот. Таа во неговите среќни мигови се труди уште повеќе да го издигне на висините на идеалот. Во миговите, пак, на мака, како еден прекрасен и тивок украс стои покрај него за да би можела да му пружи мир.
         Мажот треба да се сеќава дека неговата жена е онаа која Бог му ја доверил. Жената негова е една душа што Бог му ја подарил, за тој потоа повторно да Му ја врати Нему. Тој ја сака својата жена, „како што Христос ја сака Црквата Своја“. Ја заштитува, се грижи за неа, ѝ дава сигурност, особено кога е загрижена, кога е болна. Знаеме, всушност, колку женската душа е чувствителна, поради тоа, како што вели ап. Петар, „им оддаваме чест како на послаби женски суштества“. Женската душа се навредува, малодушна е, многу лесно се менува, одеднаш останува без надеж. Поради тоа мажот треба да биде покрај неа, полн со љубов и нежност, за да успее да стане нејзино богатство.
            Бракот е, драги мои, како еден чамец кој на бранови плови меѓу карпите. Ако бидеш само малку невнимателен, тој ќе се разбие на парчиња.
Влегувам во брак, значи живеам и умирам за Христа. Влегувам во брак, значи Го сакам, и жеден сум за Христа.
Кој уште носеше венец? Царевите носеа венци. Според тоа, венците покажуваат дека сопружниците се цареви, а нивниот дом царство, царство на Црквата, еден дел од Црквата.
            Од кога започна бракот? Откако човекот погреши. Претходно не постоеше бракот во денешниот облик. Кога првосоздадените, после падот, го изгубија Рајот, Адам ја позна Ева и започна бракот. Зошто? За да се сеќаваме на својот пад и на излегувањето од Рајот, и да го бараме Рајот. Бракот сега бива повторно враќање во духовниот Рај, во Црквата Христова. Значи, влегувам во брак и станувам цар, станувам верен и вистински член на Црквата Христова и се трудам во Негова слава.
Венците уште ја покажуваат и конечната победа во Царството Небесно. Кога свештеникот ги зема венците, тој Му се обраќа на Христа:    

„Преземи ги нивните венци во Царството Свое“.
Затоа бракот е едно патување: почнува на земјата и завршува на небото. Едно спојување, едно поврзување со Христа, Кој нè уверува дека еднаш ќе отидеме на небото. Бракот е „еден мост кој преведува од земјата на небото“. Како светата Тајна на нашата Црква да вели: „Над љубовта, над мажот твој, над жената твоја, над секојдневните случувања, имај го на ум тоа дека си предвиден за Небото, дека си тргнал по патот кој секако треба да те одведе таму“.

Goran.Kristina15
             Ни се чини дека во бракот се венчаваат двајца. Но, не се двајца, туку тројца. Мажот ја зема жената, а жената мажот. Но двајцата Го земаат Христа. Според тоа, тројца учествуваат во Тајната и од тогаш низ животот, тие биваат и остануваат тројца. Зборот „тајна“, на латински е преведен како sacramentum, што значи заклетва. Значи, бракот е заклетва, соединување, поврзување. Тоа сега веќе е постојан однос, врска со Христа.
Значи, влегувам во брак и Му го покорувам своето срце на Христа. Ако сакаш, можеш да влезеш во брак; ако сакаш, можеш да не влезеш во брак. Но, ако влезеш во брак, бракот во твојата Православна Црква, која те родила, ја има таа смисла. Оженет сум/омажена сум, тоа значи дека сум слуга Христов.


Архимандрит Емилијан

22.07.2023

фб Православни патувања