Naum3.Lit5

„Возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум“ (Мат. 22, 37).

Со оваа заповед, Господ сигурно не нѐ повикува на некое селективно душевно, односно сентиментално сакање, нешто што е својствено за нашата падната природа, за противприродниот начин на живот и за запалената крв – такви веќе сме.

Богочовекот Христос нѐ повикува да ја очистиме суштината на нашето срце, да ги преобразиме трите душевни сили (словесната – умот, и двете бесловесни – волјата и желбата) и да го просветлиме својот ум, односно да стекнеме духовен разум, преку аскетско-исихастичкиот православен подвиг на постојано молитвено враќање на енергијата на нашиот ум кон Бог во срцето – Изворот на нашето обожение.

Богочовекот нѐ повикува да станеме како Него – деца Божји, но по благодат, да стекнеме Христов ум и Божествена љубов, која се распнува за спасението на секој човек, без исклучок. Затоа и втората заповед е слична на првата. Нема Божествена љубов надвор од Црквата."

- дедо Наум

 

 

 

фб Monika Nikolova