Erusalim.danesezaboravi

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ


          На крајот на 11 век, папата Пасквал II ја добил необичната вест дека во капелата на Христовиот Гроб, во пресрет на секој Велигден, Бог му се обраќа на Ерусалимскиот патријарх испраќајќи му го Светиот пламен.
Папата им наложил на своите следбеници дека свештениците на Западната црква треба да ги добијат овие обележја во иднина, убедени дека тоа ќе ја зајакне надмоќта на Рим во наголемо поделеното христијанство.

           Па така на Велика Сабота во 1101 година, во Храмот се собрале повеќе кардинали и огромен број на боскупи: тие останале цела ноќ будни во молитва, но залудно. Утрото, на Велигден, кога црковните врати се отворија за народот, Господ го испрати Благодатниот оган во рацете на Ерусалимскиот патријарх, кој ноќта ја помина со верниците во молитва пред влезот.

     Дарот пристигна преку столбот пред прагот, кој во таа прилика пукна. Дури потоа, западната црква, со тешко срце, се откажа од присвојувањето на оваа Божја порака, обидувајќи се да ја пренасочи што е можно повеќе и да ја премолчи.

 

fb Пријатели на Бигорскиот Манастир - Св. Јован Крстител