TviTER52

Девојче од околу 12 години од сиропиталиште за деца со интелектуални потешкотии дојде кај мене на исповед.
Не можеше да состави две зборови, се вртеше како чигра, нејзиниот необичен поглед, постојаните гримаси и целиот нејзин изглед сведочеа за недостаток.

Почна да се исповеда и да се причестува секоја недела.По една година, разви потреба да ги открива своите мисли (секој што се моли и често се исповеда знае што е тоа).Девојчето почна да води свесен духовен живот, за кој не ни насетуваат дури ни оние што себеси се сметаат за длабоко религиозни и црковни.

Почна да се моли со Исусовата молитва („Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешната“), борејќи се против зависности, простувајќи навреди и трпејќи сè.Во рок од неколку месеци, научи да чита и пишува, сите знаци на интелектуална заостанатост исчезнаа, а духовноста се врежа на нејзиното лице.

Сè што зборуваше и правеше беше исполнето со чувство и разум.Секогаш кога ќе ја видев, срцето ми тонеше поради грешноста и лажноста на мојот сопствен живот.Потоа беше преместена во друго сиропиталиште и извесно време не се видовме.Но еден ден дојде кај мене и рече:
„Оче, не грижи се за мене. Јас секогаш сум со Бог.
Тој никогаш не ме остава, дури ни во сонот...“Сега, кога по сето ова би се собрале сите паметници на светот и би ми дале најпрецизен доказ дека Бог не постои, би ги гледал со тага...

Протоереј Алексеј Грачов

 2026

СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
Весна Гобељиќ