
„Кај нас честопати можат да се забележат вакви примери: човек со години редовно да оди на Литургија без да се причестува, а притоа да не чувствува жал поради непричестувањето.
Но, самиот овој факт единствено говори дека тука нешто не е во ред, дека не се разбира смислата на Литургијата, а со тоа и на самата Црква. Литургијата е онаа свадбена гозба, која Отецот ја приготвил за Својот Син, но поканетите откажувале да дојдат (сп. Лк 14,15-24).
Да се биде на Литургија, а да не се причестиш, е како да одиш на свадба и да не јадеш од јадењето. Тоа е навреда за домаќинот – Бог. Доколку сме православни христијани, потребно е да си ги поставуваме често следниве прашања: кое е нашето извинување, што е она што нè попречува да пристапуваме кон Светата Причест?
Грев ли е или нешто друго, без одложување веднаш да го разрешиме и да се отповикаме на Божјата покана, за кога ќе дојде часот да не го слушнеме следново: Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни (Мт 22,8).“
2026