Ништо не заморува повеќе од горделив човек.
Од човек што постојано има потреба да се докажува и да им се покажува на другите. Исполнет со несигурност, тој често се обидува да се издигне себеси така што ќе ги потценува или гази другите, само за накратко да почувствува дека вреди нешто.
Ништо не повредува повеќе од егоистичен човек.
Од човек што никогаш не признава грешка. Што верува дека секогаш е во право и дека сè треба да се врти околу него. А најтешкото е што човекот заробен во својот егоизам ретко се менува.

Ништо не создава поголем немир од човек што бега од одговорност.
Од човек што постојано се потпира на другите да го носат неговиот товар. Наместо самиот да се соочи со своите обврски и стравови, ги префрла на оние околу себе и ги оптоварува со грижи што самиот треба да ги понесе.
Но ништо не внесува повеќе мир од смирен човек.
Од човек што се насмевнува од срце. Од човек што секогаш има добар збор за другите. Од човек што и кога нема многу, сепак наоѓа љубов за да подари.
Таквиот човек не притиска, не осудува, не се наметнува.
Покрај него душата наоѓа одмор.
Затоа, од сите овие луѓе, труди се да бидеш смирениот.
Оној што повеќе сака отколку што бара.
Оној што повеќе разбира отколку што осудува.
Оној што повеќе служи отколку што владее.
Благословена и мирна недела, браќа и сестри. 🌿
— Психолог Елевтеријадис Елевтериос