Живот што одекнува во Вечноста

Зарем среќата и животните достигнувања имаат вредност без Бога? Зарем радоста е поголема без Бога? Зарем тагата и страданијата се поподносливи без Бога? Каков е тој животен двиг и стремеж, ако сè она што го правиме овде на земјата не одекнува во Вечноста? Зарем нашите дела се самодоволни, доволни само за „сега“ и само за „овде“?

Што вреди човековиот живот и неговите достигнувања, ако душата своја не ја подготвуваме за Вечноста? Колкава е вредноста на она што како предзнак го има заборавот, а како своја иднина — трулежот и земјата?

Ете, виртуелниот простор стана мегдан на „виртуелни“ среќни и успешни животни приказни, професии, кариери… Но на крајот од денот останува вечното прашање: дали и во денот што поминал сме ја пополнувале душевната празнина, или сме се богателе во Бога — на секој можен начин: преку мисла, молитва, збор или дела на љубовта и милосрдието…

Сè останато е драматизација, филозофирање и сајбер-фешта за забава…„

Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе нема да се познава.“ (Псалм 102)

И можеби токму затоа, единственото вистинско богатство не е она што се гледа, туку она што тивко се собира во срцето пред Бога — незабележливо за светот, но вечно пред Него.

Симеон Стефковски

 

26.06.2026