Кога потребата за контрола станува заробеништво

Потребата да се контролира сè може да изгледа како форма на грижа, но често зад неа се крие длабок страв. Човекот сака да знае што следува, да ја предвиди секоја опасност, да ги држи луѓето блиску и ништо да не препушти на случајноста. И, без да забележи, станува заробеник на сопствените пресметки.

TVITer180

Умот се заморува кога е принуден непрестајно да бдее над сè. Се појавуваат немирот, сомничавоста, раздразливоста и стравот дека нешто лошо може да се случи. Животот повеќе не се живее, туку се надгледува. А душата полека го губи чувството на слобода.

Контролата станува страст тогаш кога повеќе не остава простор ниту за ближниот, ниту за Бога. Сè мора да се случува според сопствената мерка. Секое отстапување предизвикува вознемиреност. Таму понекогаш се крие една болна гордост: верувањето дека сигурноста може да се изгради единствено со човечка сила.

Верата не значи негрижа, туку прифаќање дека не може сè да биде под наша контрола. Постојат моменти кога единственото вистинско дело е да се препуштиме во Божји раце. Молитвата започнува токму таму каде што завршува контролата.

Внатрешната слобода се појавува кога човекот повеќе не бара од животот да му гарантира ништо. Тогаш стравот ослабува, а срцето учи да живее без секоја непозната работа да ја претвора во закана.

 

Мајка Силуана Влад
Подготви Симеон Стефковски

17.08.2026