vozdvizenie.jpg

ГЛАВА II

Од падот до надежта:
Јов

И така, човекот создаден по образот Божји за да живее вечно и постојано да се уподобува (да станува сличен) на својотТворец („Ние ќе бидеме слични на Бога"... 1 Јован 3,2) ги позна падот и смртта.
Навистина, белегот оставен врз него со присуството на Бога не е избришан; постојаното незадоволство на човекот. кој секогаш сака нешто повеќе и секогаш подобро, сведочи добро за онаа носталгија по загубениот рај, онаа жед за Бога, онаа бескрајна празнина што отсуството Божјо ја оставило како длабока лузна во срцето на човекот. Но убавината на сликата е помрачена. Човекот, кој е слика Божја, станува искривена карикатура. Даровите Божји, разумот, волјата, креативноста скршнале од нивната првобитна намена дури до служење на злото; тогаш љубовта може да стане љубомора; амбицијата да се биде подобар, волја за власт и доминација; потрагата по вечни добра, желба за поседување. Тогаш златното теле го зема местото на вистинскиот Бог. Злиот, Искушувачот, старата Змија, Разделувачот, Ѓаволот, Таткото на лагата, станува Кнез на овој свет, во него тој прави да владее стравот, омразата, болеста, страдањето и смртта.
Сепак Бог не го напушта своето создание: Он испраќа меѓу луѓето пророци преку кои прави да се слушне Неговиот Збор. Он им дава за пример верни слуги како Јов, образец за давање отпор на злото, за трпение во искушувањето: Историјата на Јов ни покажува дека злото, кое никогаш не доаѓа од Бога (Јаков 1,13), сепак може да послужи како можност која на слугите Божји им овозможува да Му ја докажат својата верност и искреност во нивната љубов. Навистина, искушението може да биде прилика за паѓање, но тоа може да биде исто така и прилика за трпение, за надеж, за истрајност во доброто, за победа над злото, бидејќи човекот е слободен. Затоа Бог го дозволува искушението кое им дава вредност и ги развива особините на Неговите слуги и го кове нивниот карактер, ја испробува нивната љубов и нивната верност.
Книгата на Јов не е читана во Стариот завет како месијански текст, но христијанското читање на историјата на Јов, на праведниот слуга кој е неправедно измачуван, помага да го предвидиме доаѓањето на Слугата страдалник и победник кој ќе му ја врати на човекот неговата првобитна убавина.
Во продолжението на ова дело повеќепати ќе се случи намерно да читаме текстови од Стариот завет, обидувајќи се на тој начин да се отвориме за „разбирање на Светото писмо' со помошга на евангелијата. Свети апостол Павле ни вели, всушност, дека Христос прави да исчезне превезот ставен врз срцето на оние кои го читаат Стариот завет без да го разберат: ,.Кога ќе се преобратиме кон Господа, превезот паѓа" (2 Коринтјаните 3,13—17). Ние веруваме дека има еден друг превез за оние кои мислат дека можат да ја читаат Библијата (Стариот и Новиот завет), како да се работи за еден обичен предмет за запознавање без да Го знаат живиот Бог кој се открива во нив...
Во она време, во земјата Ус, имаше еден човек по име Јов. човек чесен и праведен, кој се боеше од Бога и се пазешеод злото.
Му се родија седум синови и три ќерки. Бог му беше дал, исто така, и големо богатство.
Еден ден, Бог ги собра Своите ангели и меѓу нив Сотоната, кој се шеташе по земјата. Бог му ја посочува ревноста на Својот слуга Јов. Но Сотоната одговара: „Зар Јов залудно се бои од Бога? Зар не си го преполнил со твоите богатства? Туку, подај ја твојата рака и допри се до неговите блага и јас ти се колнам дека ќе те проколне в лице“.
“Еве, рече Господ, сето негово богатство е во твоја власт. Само немој да ја креваш раката врз самиот него.“
Сотоната се враќа на земјата: го уништува богатството на Јова, ги погубува дури и неговите деца. Но Јов, и покрај болката, не греши и не си дозволува никаква дрскост спрема Бога.
При повторната средба со Господа, Сотоната слуша од Бога за својот пораз: „Попусто ме наговори против него да го погубам." А Сотоната одговара: „Подај ја раката, допри ги неговите коски и неговото тело и јас ти се колнам дека ќе те проколневлице."
„Нека биде така, рече Господ, располагај со него, само не му го одземај животот." Бог, навистина, нема да го дозволи тоа крајно искушение - смртта - освен за Својот возљубен Син Исус Христос, чија смрт ќе не ослободи од Сотоната засекогаш.
Сотоната повторно се враќа на земјата; тој му пушта на Јова страшна болест. Тогаш неговата жена му вели: „Уште ли ќе бидеш истраен во твојата чесност? Проколни го Бога и умри!" (Јов 2,9).
Јов и одговори: „Зборуваш како луда жена. Ако среќата ја примаме како дар Божји, зошто да не ја примаме и несреќата?" (Јов 2,10).
Во сета оваа незгода, Јов нема да згреши со збор.
Веста за сите маки што беа го снашле доаѓа до неговите тројца пријатели Елифас, Вилдад и Софар кои решаваат да одатда го утешат.
Јов, оптоварен со ужасните страдања на неговото тело и на неговата душа, го проколнува денот во кој се родил. Елифас го потсетува на она во што верува секој Евреин: страдањето е плод на гревот против Бога. Но Јов протестира, бидејќи е невин.
Јов продолжува да се жали:

Моите денови беа побрзи од чунот
иминаа без надеж.
Спомни си дека мојот живот е ветар,
Дека моите очи повеќе нема да видатсреќа. (Јов 7,6 — 7).

Но Вилдад тврди дека Бог не го отфрла чесниот човек. А Јов, кој во својата збунетост се чувствува уништен од некоја неправедна волја, почнува да се сомнева во мудроста Божја.
Софар, изморен, го потсетува дека не може да биде беспрекорен во очите на Господа.
И покрај се, Јов продолжува да ја изнесува својата невиност која сака да ја брани и пред Самиот Бог.
На тоа, Елифас одговара, покажувајќи ја лудоста на човекот што се крева против својот Творец.
Јов, измачен:

Он ме направи своја цел
Ме олколува со своите стрели
Безмилосно ги прободува моите слабини...
Сепак, во моите раце нема насилство
И мојата молитва е чиста ..
Кадее мојата надеж? (Јов 16,12 —13,17и 17,15).

- Закланото јагне станува целта на Крстот, Крстот кој го спасува светотод власта на Сотоната. -

Вилдад:
Кога ќе престанеш со твоите говори?
 
Јов:
Знајте дека Бог е Оној што ме измачува
(...)
Он ме лиши од мојата слава
Он госимна венецотод мојата глава. (Јов 19,6,9.)

- Царот на Славата, Господ Саваот Кого народот Го поздравуваше при Неговото влегување во Ерусалим сега е понижуван, навредуван. -

Но јас знам дека е жив мојот Искупител,
Дека Он последен ќе стане од земјата.
По моето разбудување. ќе ме постави крај Него.
И со моето тело ќе Го видам Бога. (Јов 19,25 — 26.)

- Славното Христово Воскресение ни ги отвора вратите на Царството и ни го нуди вечното созерцавање на Севишниот. -

Елифас:

Зар за твојата набожност те исправа
И на суд влегува сотебе?
Не е ли поскоро поради твоЈата злоба.
Поради твоите бескрај неправди? (Јов 22,4 — 5.)

Тој го опоменува Јова да Му се врати на Бога, во понизност.

Јов:

Далеку од тоа да се согласам дека имате право
До МОЈОТ последен здив
Ќе ја пазам мојата добрина. (Јов 27.5)
Ке му дадам одговор за сите свои постапки
Ке му пријдам како Кнез. (Јов 31, 37.)

- Христос победник оди напред и се искачува кон царскиот Трон вославата. -
Елијуј, кој дотогаш присуствуваше без да каже збор, избувнува од лутина: Зар Јов во своето искушение не одбива да види повик на Семоќниот да го преобрати своето грешно и бунтовничко срце?
Господ му одговара на Јов од средината на виорот и го открива сиот свој сјај и власт:

Кој е оној што ги замрачува моите совети
со неразбирливи зборови?
Опаши ги твоите слабини како човек:
Јас ќе те прашувам, а ти кажувај ми:
Каде беше кога ја основував земјата?
Зборувај, ако си разумен.

Врз што се потпира нејзиното подножје?
Кој го постави аголниот камен.
кога пееја заедно утринските ѕвезди
и заедно извикуваа Синовите Божји? (Јов 38,2 —4.6 —7.)

Осветлен од ова богојавление, Јов ја признава трансцедентноста на својот Бог и повеќе не бара пресметување со Него. Тој сфаќа дека мудроста на Господа може да им даде смисла на страдањата и на смртта, смисла која останува неразбирлива за Јова, но која ќе ни ја открие Христос.
По разговорот со Јова, Бог му се обраќа на Елифас и на неговите пријатели и, на големо изненадување, го оправдува Јова, чесниот оспорувач, додека против нив ја излева Својата лутина; зар тие во Него не видоа еден тиран жеден за доминација? Напротив, забелешките само ја величаа љубовта на Бога кон Своите созданија, откривајќи ни го на тој начин Неговото вистинско лице.
По ова искушение, Господ му ја враќа на Јова поранешната состојба и дури двојно му ги зголемува сите негови блага.
Јов потоа поживеа уште сто и четириесет години, и ги виде своите синови и синовите на своите синови до четвртата генерација.
Историјата на Јов ни ја враќа надежта. Иако образот Божји во човекот бил оштетен со гревот на Адам и Ева, со гревот на Каин и со гревовите на секој од нас, Јов ни помага да се надеваме во доаѓањето на Некогд, праведник и страдалник, трпелив и победник, Кој храбро и упорно ќе им се спротивстави на нападите на Лукавиот и ќе го победи за да му го врати на човекот присуството на Бога, загубено со гревот, и да го обнови образот Божји во човекот во сета негова убавина. За да успее во тоа, Бог ќе го испрати меѓу луѓето самиот Образец според кој го создаде човекот. Како што добро притиснатиот печат го обновува избришаниот отпечаток, така и Синот Божји, Кој е светлина (сијание) на славата на Бога Оца (Евреите 1, 3), ќе влезе во човечката природа, ќе се облече во неа како во облека, за повторно да направи еден нов Адам, Човек совршен, светла Слика на Бога. Тоа е она што богословите (теолозите) го викаат Овоплотување. Тоа се исполни во денот кога Гаврил, Архангелот Божји, посети една млада девојка од Назарет во Галилеја, наречена Марија, во денот што го викаме Благовештение (Благовец).

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: проф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/