Молитва за застапништво 

sv.serafim.sarovski.jpgО голем угоднику Божји, преподобен оче наш Серафиме,
погледни од горната слава на нас скрушените и немоќните,
обременети со многу гревови, кои ја бараме твојата помош и утеха. Погледни на нас со својата благост и помогни ни непорочно да ги зачуваме заповедите Господови, православната вера цврсто да ја одржиме, покајание за своите гревови усрдно на Бога да Му принесеме, благодатно да напредуваме во христијанската побожност и да бидеме достојни за твоето молитвено застапништво пред Бога за нас.
Светителу Божји, услиши не нас кои ти се молиме со вера и љубов и не презирај не зошто нас ни е потребно твоето застапништво сега и во часот на нашето упокојување. Помогни ни нас и заштити не со твоите молитви од злобните напади на демоните, нека нивната сила не не надвладее, туку да се
удостоиме со твоја помош да го наследиме блаженството на рајската обител. Сега на тебе ја полагаме сета наша надеж оче милосрден, биди ни и нас вистински патеводител кон спасението и поведи не кон невечерната светлина на вечниот живот.
Со богопријатното застапништво твое, пред престолот на Пресвета Троица заедно со сите светии, да го славиме и пееме пречесното име на Отецот и Синот и Светиот Дух сега и секогаш и во сите векови. Амин!

 

 

Превод: З.П