Trojka.Liturgija.jpg

ЛУЃЕТО ОД ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА ЌЕ СЕ СПАСУВААТ ПРЕКУ ЖАЛОСТИ И НЕЗГОДИ

1950 г.

 Почитувана моја м. В. „барајте го, пред сè, Царството Божјо и Неговата Правдина”. Дали човек го обезбедува тоа со својата телесна сила? Ако се трудите на телесен план, треба да се трудите и на душевен. Срцето свое исто така треба да се обработува, повеќе од лозјето. Ако човекот им дава плата на работниците наемници, колку ли повеќе Господ им дава на оние кои работат за Него? А како треба да се работи за Него? Вие тоа сите го знаете. Треба да се молите и да се чувате, борете се со помислите, не карајте се поради неважни работи, попуштете еден на друг, дури и работата да трпи (подоцна ќе добиете многу стократно повеќе), брзо помирувајте се, откривајте ги помислите, почесто да се причествувате итн.

 Може ли сето ова да се поврзе со трудот? Ако не сè, заради немоќта, сепак може многу. А, ако не работиме (а знаеме дека треба), тогаш барем да се смируваме и така да добиеме смирение, но никако притоа да се оправдуваме, бидејќи преку самооправдувањето се лишуваме од можноста духовно да возраснеме. Ако пак, не го работиме она за што сме должни, а згора на тоа, не ги трпиме и навредите и жалостите, и пред сè не се понижуваме и смируваме, тогаш не знам што да кажам. По што подобри ќе бидеме од неверниците? Затоа ве молам сите: претрпете ги навредите, укорите, човечките неправди, носете го бремето еден со друг за да го надополните со тоа недостатокот на духовното дејствување, а најважно е – бидете свесни дека сте достојни за сите навреди и незгоди („по делата ќе добиеме“).

 Вам Ви е познато, дека луѓето од последните времиња ќе се спасуваат преку жалости и незгоди. Зар сме иземени од тој закон? Не напразно советувале светите отци почесто (секојдневно, неколку пати) да помислиме на смртта, на судот, на неизбежното поднесување одговорност пред Господа за секој свој збор, дело, помисла, за лукавството, за приврзаноста кон светот, за суетата, за сè тајно што Му е познато само на Господ и на нашата совест.  Вие почесто сеќавајте се на тоа.
 Господ нека ве благослови сите вас.


(Продолжува)

 


5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg 

Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски: Александар Божиноски

Рецензент: М-р Илија Орачки

Лектура: Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување: Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга

 


Друго: