Pejzaz.jpg

ЗАСНОВАЊЕ НА ХРИСТИЈАНСКОТО СЕМЕЈСТВО

 

 Денес луѓето се поретко зборуваат за бракот, а и кога зборуваат, тие всушност разговараат само за љубовта помеѓу мажот и жената. Оваа љубов навистина може да биде дар и благослов Божји, но според едно толкување, главната цел на брачниот живот е подигањето на христијански деца, нови синови и ќерки Божји.  Оваа света задача треба од самиот почеток на бракот да се прифати со крајна сериозност. Брачниот пар би требало да живее имајќи  во свеста дека се благословени,  со ништо помалку туку,  за соработници Божји во создавањето на нова личност. Христијанските брачни парови треба да гледаат на полните  односи, не само како на нешто што ним  лично ќе им донесе исполнување, но и како земање на удел (дури потенцијално) во процесот на создавање на ново битие, нова личност, која е одредена да живее вечно. Тие треба да се соберат и да се помолат со страв Божји,  Господ да ги благослови, за да зачне детето и духовно, а не само телесно. Во наше време слушаме многу работи ниски, прости и хулни за сопружничките односи. Христијаните-брачници треба да паметат дека тие соучествуваат во Божјото дело на создавањето.
Во книгата на Товит (8,4 и понатаму) го читаме следното за Товит и неговата невеста: Кога се затворија вратите и тие двајцата беа сами, Товит стана од креветот и рече–Стани сестро да се помолиме, за да не помилува Господ. И Товит почна да се моли: Благословен си Ти, Боже на нашите отци и нека биде благословено и славно светото име Твое во вечни векови! Нека Те благословува небото и сето Твое создание! Ти го создаде Адам и му ја даде Ева, жената негова, како другар (помошник) и попора. Од нив произлезе човечкиот род. Ти си рекол: ”Не е добро човекот да биде сам; да му направиме другар (помошник) според него„. И сега Господи, ја земам оваа сестра моја не поради задоволуваање на похотта, туку навистина као жена: ”Ти пак, благоволи да не помилуваш и дај ни заедно да ја дочекаме староста. И таа рече со него: амин. И обајцата спокојно спиеја таа ноќ„.
Каков благослов за детето да се зачне после ваква молитва, да го започне животот  во таква атмосфера на страв Божји и достоинствена љубов.
 Кога животот го пренесуваме на следното поколение, наша задача не е да го пренесеме само телесниот живот, туку исто така и духовниот. Важно е да се работи напорно за да го нахраниме и облечеме детето, но поважно е да обезбедиме здрав умен (ментален) и чувствен (емоционален) развој на детето; а уште поважно е да се придонесе во духовното возрастување на детето. Духовниот живот е најскапоцениот дар кој детето може да го наследи.
 Ничиј живот не е предодеден, во смисол дали некој својот живот ќе го започне во Божја близина или не, бидејќи Бог може во било кој миг да не повика кон Себе и да не преобрази со Својата благодат и нашето покајание. Меѓутоа, родителите Христијани можат и самите многу да придонесат за духовниот напредок на своите деца, опкружувајќи го со љубов и молитва од самото нивно зачнување.

 

 


Од книгата: „Васпитајте своје дете“ од Сестра  Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist Tolleshunt Knights, Essex)

 

Друго: