s.Elisaveta.jpg

Луѓе муви и луѓе пчели

Оче, често пати велите да размислуваме позитивно. Но, луѓето околу нас не ретко говорат против свештениците. Велат дека земаат многу пари за вршењето на Светите Тајни, зборуваат дека пушат, седат по кафеани и пијат, и воопшто - дека се неморални. Па тоа и често го крепат со докази за да се оправдаат.


Старецот рече:
Искуството ме научило дека постојат две групи на луѓе. Трета не постои. Тие, првите, потсетуваат на муви. А главна особина на мувата и е да се лепи на нечистотијата. Едноставно, мувата и нечиститијата си се привлекуваат. На пример, во една бавча полна мирисни цветови, мувата нема да забележи ниту еден, туку ќе застане онаму каде има нешто труло, каде нешто скапува. И сосема природно и лагодно и е во смрдеата, а доколку би знаела да зборува и да ви одговори ако ја прашате зошто не застана на розата, таа би ви рекла:
- Јас не знам како изгледа розата. Знам само каде има ѓубре, смрад, трулеж.
Да, рече старецот - навистина има луѓе кои потсетуваат на мувите. Со самото неприфаќање и одбивање на доброто, мислат негативно и во животот ги гледаат само лошите страни. А оние другите, втората група, се токму тие што потсетуваат на пчелите, а чија главна особина им е потрагата по нешто слатко и пријатно на кое би слетале. Кога пчелата би се нашла во соба преполна ѓубре, а со парченце бонбона во еден агол, таа би ја надлетала сета нечистотија за да слета токму на бонбоната. И кога и од пчелата би побарале да ви каже каде е нечистотијата, таа би ви рекла:
Не знам. Знам само каде може да се најде цвет, слад, мед. Таа, продолжи старецот – ги препознава само добрите работи во животот и ја претствува втората група на луѓе, оние сличните на неа, на пчелите. А кога ќе дојде некој кај мене обвинувајќи некој друг, јас најчесто им го посочувам овој пример. И велам да размисли и да одлучи во која група тој се сврстува, за полесно да се придружи на својот рој. 

 

Подготви: Наташа Деспотовска Димитриевска