Mone.jpg

РАЃАЊЕ НА ДЕТЕТО И КРШТЕНИЕ


Христос рекол дека, кога ќе се роди детето, мајката ја заборава својата болка од радоста „што се родил човек на светот”. Неговите зборови покажуваат дека за Самиот Бог раѓањето на секое бебе е случување-секоја личност во очите Божји е единствена, самосвојна.
Еден старец ја советувал мајката, која била пред породување, да стави духовен печат на детето со изговарање на Исусовата молитва за време на својот престој во болницата, па дури и за време на породувањето.
Ако се молиме, малку по малку учиме да живееме во духот на молитвата, а со тоа созадаваме средина во која децата ја вкусуваат молитвата и присуството на Бога. Ако пребиваме во овој дух, дури и без зборови, така што децата можат пред и да проговорат, да ја задобијат природната наклонетост за молитва и желба да го познаат Бога.
Кога ќе се роди бебето, родителите ја покажуваат својата љубов кон детето на разни начини, а еден од нив е и молитвата. Родителите можат да се молат близу детето, да ги кажуваат своите сопствени молитви блиску до детето, или блиску до неговиот кревет-воопшто да го опкружуваат детето со молитва. Родителите можат да се молат во себе, додека го држат детето во прегратка. Можат да го прекрстуваат бебето и да го сотворуваат крсниот знак над неговото креветче, од главата до нозете и од лево на десно. Знам еден татко кој секоја вечер се молел за својот син, коленичејќи покрај неговот кревет, додека тој спиел, усрдно повикувајќи кон Бога, животот на детето да го исполни со својата благодат.
Свети Јован Златоуст во своето дело „За воспитанието на децата”, говори за давање на име на детето. (Кога тој говори за ова, како и за многу други проблеми, се има чувство дека ова дело е напишано вчера-дотолку тоа има значение за проблемите на современите родители.)Тој знае за обичајот на давање на име на детето според некој роднина или некој јунак од литературата, но предлага на децата да им се дава име според некоја света личност, за да имаат светител за свој углед. Можеме да му се молиме на светителот да го благослови детето и да ја држиме неговата икона во близина на детето, а подоцна низ приказна да го запознаваме со животот на неговиот заштитник.
Во нашата Црква постојат посебни молитви на знаменување на детето во осмиот ден, потоа после 40 дена од раѓањето на детето кога мајката го воведува во Црквата заради воцрковување, па потоа пред поаѓање на училиште итн. Не би требало да ги запоставуваме овие блага.
Нашиот однос со Бога не е чисто умна (интелектуална) работа, ние можеме да го познаеме Бога свесно, дури и пред да проговориме. Нашата Црква поради тоа крштева и причестува деца. Понекогаш луѓето се наоѓаат под влијание на идејата дека децата не треба да се крштеваат, туку треба да им се дозволи да пораснат и сами да си го изберат својот пат. Тоа би било како кога би предложиле дека е подобро да не се храни детето и да се чека доволно да порасне за да одлучи самото за своето мени. Или кога би кажале дека е подобро да не разговараме со детето, за тоа да може да го избере јазикот со кој ќе говори. Мораме да сфатиме дека крштението ни дава духовна слобода-тоа не ни ја одзема нашата слобода.
Родитeлите треба да им одберат на своите деца такви кумови кои разбираат дека нивната првенствена одговорност е да се  грижат за духовното возрастување на детето. Благодатта на крштението никогаш неможе да се одземе; таа може да биде запретана со грев, може и да не возрасне во нас поради нашата немарност, но таа од нас е неотуѓива. Децата кои во себе го примиле семето на крштението имаат поголеми изгледи да се повратат (или обратат) кон Бог како возрасни, дури  и ако не биле воспитани како христијани.

Од книгата: Васпитајте своје дете од с. Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)

 

Друго: