Reka.Jordan.jpg

ВИДОВИ МОЛИТВИ


Почитувана!
...Расеаната молитва не е молитва, иако Господ во почетокот и неа ја прима од оние кои сè уште се учат да се молат. Но, треба еднаш да се научи молитвата без расеаност!
Ако се воздржиш од гнев и го сочуваш мирот, тогаш и молитвата ќе биде добра, а ако бидеш вознемирена, тогаш не ќе можеш и да се молиш.
Господ не ги прима молитвите во гнев и тој што така се моли се предава на немилосрдните слуги т.е. на демоните, кои ги бркаат луѓето од духовната трпеза, подалеку од свадбената гозба, во темница од празни, а понекогаш и нечисти помисли. И тоа ќе трае се дотогаш, додека не се смириме и не заплачеме пред Господа од сето срце и не им простиме на сите, а и самите не замолиме за проштевање, со други зборови, додека не здобиеме душевен мир, зошто е речено:    „Во душевен мир е местото Божјо“.
Кде што има немир, таму е ѓаволот и има темнина, душевно отежнување и  замки на адот.
Смирението владее со духот за да ги собере сите помисли во сеќавање на Бога, а немирот, суетата и гордоста ги расејуваат помислите. Ако помислите силно се расејуваат, значи дека нешто не е во ред со душата, дека ѓаволот (непријателот) добил пристап во нашата душа и затоа треба да се каеме пред Бога и да Го молиме за помош и простување. Треба да се бараат причините за таквата состојба. Ова понекогаш се случува (дури и да нема гнев) од прекумерна суета и приврзаност за светот, од долгите световни разговори и од осудувањето на ближните.
Добрата, внимателна молитва, која излегува од срцето, е пат кон Царството Божјо, кое е „во нас“. Ако немаме таква молитва – значи, со нешто сме Го разгневиле Господа.
Биди внимателна со себе. Сочувај го мирот, помирувај се брзо со другите, почесто излевај ги пред Господа своите прегрешенија и жалости, постапувај по совеста, тогаш ќе се чувствуваш добро и ќе се спасиш. Труди се по Бога и ќе се спасиш. Ќе ти биде добро овде, а по смртта ќе влезеш во вечно блаженство.
Моли се за мене.  

 

 

(Продолжува)

 


5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg 

Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски: Александар Божиноски

Рецензент: М-р Илија Орачки

Лектура: Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување: Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга


Друго: