Reka.Jordan.jpg
ОРУЖЈЕТО ПРОТИВ ЃАВОЛОТ – ПОСТОТ, МОЛИТВАТА, ТРЕЗВЕНОСТА И СМИРЕНИЕТО


Мир на тебе и спасение од нашиот Господ Исус Христос, почитувана...!
 Време е да знаеш дека ѓаволот (непријателот) нема да го остави на мира никого од оние кои сакаат да се спасат и борбата со него нема да прекине сè до смртта. Никој не може да го победи ѓаволот со сопствени сили. А токму Господ дошол на земјата да го сотре делото ѓаволско. Господ се бори против ѓаволот и гревот заедно со оние кои Го викаат напомош. И човекот е должен да му се спротивстави на гревот и ѓаволот со сите сили, употребувајќи ги како оружје средствата на кои ни покажале Господ, апостолите и светите отци. За нас православните, оружје против ѓаволот се: постот, молитвата, трезвеноста и смирението. Без смирение, никакви други средства нема да помогнат, зашто Господ не му помага ниту на горделивиот ниту на оној кој се надева на себе, и таквиот нормално паѓа во разни мрежи на ѓаволот. Кој сака да го победи ѓаволот и да се избави од страстите, а не се бори со тоа оружје, тој очигледно нема да го победи. Колку е човекот посмирен, толку побрзо ќе се избави од ѓаволот. На ова треба да се додаде дека злопамтивоста ја ништи силата на молитвата, зашто Господ не ја прима молитвата на човекот кој е во непријателство со ближниот или е злопамтив, туку најнапред го праќа да биде во мир со сите. Доколку Господ не му ја прима молитвата, човекот ќе биде сам и ѓаволот следствено на тоа, ќе го победи. Дури и оној кој правилно се бори не го победува ѓаволот. За тоа се потребни време и трпение. Бори се правилно, труди се да бидеш во мир со сите, учи се на трезвеност и непрестана молитва. Смирувај се пред Бога и пред луѓето, и тогаш титаните (џиновите, т.е демоните) еден по еден ќе ги срушиш и ќе се избавиш од ропството на гревот.
 Ниту еден духовник нема строго да се однесува кон човекот кој искрено и длабоко се кае за своите гревови, какви и да биле. Тоа е ѓаволска итрина – за оној кој се кае да ги скрие гревовите и да не добие простување. Напротив, ако духовникот има голема вера, тој подобро ќе се однесува кон него, а тоа е тајната или својството на исповедта.
 ...Трпи ги сите прекори, навреди и клевети, оправдани или неоправдани, зашто се корисни, ја очистуваат душата од гревот и го помагаат смирението, доколку не се бунтуваш против тоа. Говори како разбојникот: „По делата наши достојно ќе добиеме. Спомни си Господи за мене, во Царството Твое“.

 

 

(Продолжува)

 


5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg 

Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски: Александар Божиноски

Рецензент: М-р Илија Орачки

Лектура: Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување: Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга


Друго: