УЧИЛИШТЕ ЗА МОЛИТВАТА   - Митрополит Антониј Блум

- ОТСУСТВО НА БОГА -

Кога започнуваме да учиме, да се молиме, сакам да појаснам дека под она што јас го подразбирам под „учење на молитва“ не е тоа обид да се оправда или објасни на теоретски мисловен начин. Всушност, јас би сакал да го истакнам она на што би требало да бидеме свесни и што треба да го правиме ако сакаме да се молиме. Бидејќи сум и самиот почетник, претпоставувам дека и вие сте почетници, па ќе се обидеме да започнеме заедно.

Јас не му се обраќам  никому, кој  ја има за цел мистичнатата молитва или поголем степен на совршенство, затоа што овие работи се подучуваат сами по себе. Кога Бог ќе продре до нас, или кога ние ќе продреме до Бога под одредени околности и затоа што работите ненадејно ќе се откријат со длабина која никогаш порано не ја имаме забележано,
 или кога во нас одненадеж ќе откриеме длабина во која се наоѓа молитва и од која може да биде упатена,  нема никакви препреки за молитва. Кога сме свесни за БОга ние стоиме пред Него. Го славиме, зборуваме со Него.

На самиот почеток таму имаме  еден важен проблем: состојба во која  нам ни се чини дека Бог е отсутен - Бог никогаш не е навистина отсутен -  туку зборувам за чувството кое го имаме, дека е отсутен.
Стоиме пред Бога и викаме во празното небо, од каде што не доаѓа никаков одговор. Се обраќаме на сите страни, но Него не го наоѓаме. Што би требало да мислиме во таква ситуација?

 Пред се, многу е важно да запомнеме дека молитвата е средба и однос, однос кој е длабок и на кој не можеме да бидеме принудени ниту ние, ниту Бог. Факт е дека  себе може да се направи присутен, или, пак,  нам да ни остави впечаток со својата отсутност.

Ако би можеле Него механички да Го повлечеме на средба  , би го натерале да не сретне. Ако затоа што ние  сме го избрале тој момент да Го сретнеме, тогаш не би имало ниту средба, ниту односи.
Тоа можеме да го сториме со слика, со помош на имагинацијата, или со различните идоли кои можеме да ги поставиме пред себе, во замена на Бога; ништо такво не можеме да направиме со живиот Бог, ништо повеќе отколку со себе живи.

Односот треба да започне и да се развива во взаемна  слобода. Ако гледате на овој однос како на взаемен однос, ќе видите дека Бог би можел многу повеќе да се жали  на нас, отколку ние на Него.
Се жалиме зашто Он не е присутен во тие, неколку минути што ние ќе ги резервираме за Него; но, што е со останатите дваесет и три и половина часа, време, во кое можеби Он тропа на нашите врати, а ние одговараме:
„Жал ми е, но, зафатен сум“; или кога ние воопшто и не одговараме, затоа дури и не го слушаме тропањето на вратите на нашите срца, нашата совест, нашата свест, на нашиот живот?

Така, постои ситуација во која ние немаме право да се жалиме  дека Бог е отсутен, бидејќи сме далеку поотсутни, отколку кога Он е отсутен.

Втора, многу важна работа е средбата лице влице со Бога, која е, секогаш, момент за пресуда за нас. Не можеме да Го сртенеме  Бога во молитва, медитација или во контемплација, а да не бидеме било спасени или осудени.

 Не мислам тука на вечното проклетство или на вечното спасение, туку на даденото и применото, тоа е секогаш критичниот момент, криза. Терминот “ доаѓа од грчкиот јазик и значи пресуда.

Да се сретне Бог лице в лице за време на молитвата е критичниот момент за нашите животи и Му благодариме што не се покажува секогаш кога ние посакуваме да се сретнеме, затоа што можеби не  би можеле да ја издржиме таа средба.
Сетете се на многу делови од Светото Писмо  во кое се вели како е непријатно да се најдеш лице влице со Бога, оти Бог е вистина, Бог е чистота. Затоа, вистинската мисла која треба да ја имаме кога опипливо не ја запазуваме  Божанската присутност е помислата на благодарност.

Би сакал да ви дадам еден пример за ова. Пред многу години еден човек дојде кај мене.
Ме замоли да Му го покажам Бога. Му реков дека не можам и додадов дека дека дури и да можам, тој не би бил во можност да Го види, оти мислам - а и сега мислам, дека за средба со Бога мора да се има нешто заедничко со Него, нешто што ви дава очите да Го видат, можност да забележат.
 Тој тогаш ме праша зошто така мислам и јас тогаш му предложив да размисли некое време и да ми  каже дали постои некој дел од Евангелието кое посебно го заинтригирало за да би видел каква е врската помеѓу него и Бога.
 Тој ми одговори:
„ Да, осмата глава од Евангелието по Јован, делот каде што се зборува за фатената жена во прељуба“!
Му реков: Добро, тоа е еден од најубавите и најчувствителните делови.
Сега седни и запрашај се:
Кој си ти, во опишаната сцена?
 Дали жената фатена во прељуба?
Дали си еден од старците што веднаш бегаат, оти се свесни за сопствените гревови, или еден од младите кои чекаат?
Тој размислуваше неколку минути и рече:
 „Не, се чувствувам дека сум единствениот Евреин кој не би отишол, туку би ја каменувал жената!“
„Му благодариме на Бога“, му реков, „што Он не ти дозволува  ти да се сретнеш  со Него лице в лице“!

Ова можеби е екстремен пример, но колку често би можеле да препознаеме слични сотуации во нас самите?  Не затоа што ние потполно Го одбиваме Божјиот пример туку затоа што на малку насилен начин го правиме она што го чинеле војниците за време на Христовото страдање.

Би сакале да ги покриеме Христовите очи за да можеме слободно да Му зададеме удари, а Он при тоа да не не види.
Зар не го правиме тоа донекаде кога го игнорираме Божјото присуство и дела зависно од нашите желби, расположенија, спротивно на се, што е Божја волја?
 Се обидуваме да Го ослепиме, но,  се заслепуваме самите себе. Во таква состојба како можеме да го очекуваме Неговото присуство?
 Навистина, можеме да се покаеме со скршени срца, но, не можеме веднаш да бидеме прифатени на начин на кој ние сакаме - со љубов и со пријателство.

Погледнете некои делови од Евангелието. Луѓе многу поголеми од нас се срамеле да Го примат Христа.
Сетете се на капетанот кој барал од Христа да му го излечи слугата. Христос рекол:
 „Јас ќе дојдам“, но, капетанот му одговорил:
„Немој, само речи збор и тој ќе  биде здрав“!

Дали и  ние правиме така?
Дали Му се обраќаме на Бога и велиме:
Немој пред мене, не се покажувај опиплив и забележлив,  доволно е Ти еден збор да кажеш и работата вистина ќе се стори.
Во моментот ништо повеќе не ми е потребно“.

Или да го земеме апостолот Петар, во неговото кајче после големиот улов на риба, кога паднал на коленици велејќи:
„Оди Господе од кај мене, јас сум грешен човек“!
Го молел Господа  да го напушти неговото кајче затоа што се чувствувал понизно, а се чувствувал понизно оти одненадеж ја сфатил големината Исусова.

 Дали и ние правиме така?
Кога го читаме Евангелието и кога сликата Христова ни постанува уверлива и  величествена, кога се молиме и кога постануваме свесни за големината и светоста Божја, зар некогаш не велиме:
„Јас не сум достоен Он да дојде блиску до мене“?

А да не зборувам за сите оние прилики кога би требало да бидеме свесни, дека Он не може да додје до нас, затоа што ние не сме подготвени  да Го прифатиме.
 Ние бараме нешто од Него и воопшто, не Него -  самиот.
Зарем, тоа е однос?
Зарем така се однесуваме кон нашите пријатели?
Зарем се стремиме кон тоа што пријателство може да ни го даде , или е тоа пријателот кого го сакаме? Дали ова се однесува на Господа?

Ајде да размислиме за нашите молитви, за вашите и моите, замислете ја топлината , длабината и интензитетот на својата молитва  кога  таа се однесува на некого кого го сакате, или на нешто што вам ви е важно во животот.

Срцето, тогаш ви е  отворено, вашата вкупна внатрешна личност е опфатена со молитва. Дали, тоа за вас значи дека Бог ви е важен?
Не, не значи.  Тоа, едноставно значи дека за вас предметот на молитвта е значаен, бидејќи кога ја завршивте вашата длабока, страсна и силна молитва, која се однесува на личноста која вие ја сакате или ситуациијата  која ве загрижува  и кога ќе поминете на следната работа која не е толку важна - ако одненадеж се оладите, што се променило?
Дали Бог е оладен?
Дали е заминат?
Не, тоа значи дека сето восхитување и сета сила во вашата молитва  не ги снемало  заради Божјото присуство, заради вашата вера во Него, вашите копнеења за Него, вашата свесност за Него,

ги снемало само заради вашите грижи за него, за неа или за она...но, не за Бога.
Како тогаш можеме да се чувствуваме изненадени кога ќе  ни се случи отсуството на Бога?
Зарем не се правиме ние самите себе отсутни, зар не сме ние, тие, кои во моменти се оладуваме, кога во одредени моменти не сме повеќе заинтересирани за Бога. Зошто?
Затоа што Он, не ни е многу важен!

Постојат, исто така, и други начини заради кои Бог е „отсутен“.
 Додека ние сме вистински тоа што сме, Бог може да биде присутен и може да стори нешто за нас.
Меѓутоа, оној час настојуваме да постанеме она што не сме, не може ништо повеќе да се рече, ниту да се има;  постануваме фиктивни личности, невистинско присуство и Бог не може да пристапи кон тоа невистинско присуство.

За да можеме да се молиме, мораме да бидеме во рамките на состојбата која се дефинира како  Царство Божјо. Мораме да препознеме дека Он е Бог, дека е Он Цар, мораме да му се предадеме.

Но, ако не сме заинтересирани, ако се однесуваме кон Бога како богатиот младич кој не можел да го следи Христа, затоа што бил отповеќе богат, како тогаш можеме да Го сретнеме? 
Бидејќи честопати она што ние  сакаме да го оствариме преку молитвата, длабок однос со Бога  по Кого копнееме, едноставно е уште еден период на среќа, ние не сме подготвени да продадеме се што имаме  за да можеме да го купиме скапоцениот Бисер? 

Дали е тоа она што ние очекуваме да го добиеме?
 Зарем не е тоа исто и во односите помеѓу луѓето; кога човек или жена вкуси љубов кон некој друг, останатите луѓе повеќе  не им значат на ист начин. Или, со зборовите искажани од Стариот Завет:
„Кога човек нема невеста, повеќе не го обиколуваат маж и жена , туку луѓе“.

Не е ли тоа  она  што би можело и би требало да се случи, во однос  на сето наше богатство, кога ќе се свртиме кон Бога?
Секако би требало .
Така кога мислиме за отсутноста на Бога зарем не  вреди да се прашаме  кого ние обвинуваме за тоа?

Секогаш Го обвинуваме Бога, секогаш Го обвинуваме Него или право во Неговото лице или пред други луѓе Го обвинуваме дека е отсутен, дека никогаш не е тука кога е потребен,  дека никогаш не одговара кога му се обраќаме.
Некогаш сме повеќе „побожни“  ( честопати под наводници)  и тогаш  побожно велиме:
  „Бог Го испитува моето трпение, мојата вера, мојата понизност“.

 Сите наоѓаме начини Божјата пресуда да ја преиначиме во фалење на самите себе и толку сме стрпливи, та дури и Бога можеме да Го  трпиме!

(Продолжува)

Подготви. М.Даниловска