Hristos.Bogorodica.dete.jpg

ГРИЖА ЗА ДЕТЕТО КОЕ РАСТЕ

Подобро е за бебето, доколку мајката не е физички спречена во тоа, да го храни природно, со  мајчино млеко. Ова сфаќање сега се повеќе е присутно во медицината; меѓутоа, јас исто така говорам за духовната страна на хранењето. Подобро е за детето, она со што се храни и од што ќе биде создадено неговото тело, да биде енергија на човечка личност полна со љубов и молитва.
Додека го храни своето дете, мајката треба да се труди да биде во мир и да се моли, за да  може тоа да ја прима и духовната храна, како и телесната.
Улогата на мјакта во наши денови често се оцрнува-тоа е последица на длабоко духовно незнаење. Како христијани, треба молитвено да размислуваме за улогата на Мајката Божја и останатите мајки на Светителите кои  поименично се споменуваат во нашиот цркoвен календар, за да се ослободиме од сомнежот за светоста на овој возвишен призив.
Мајчинството е пример на кенотична, саможртвена љубов (кеносис значи самоиспразнување, крајно смирение според образот на Христовата кеноза, сп. Фил. 2,7). Целиот ден мајката го поминува со своите деца, посебно додека се мали, така што таа на некој начин го полага својот живот за своето семејство-а таквата љубов  е тоа што ја чини христолика личност.
Во првите месеци на својот живот, детето скоро потполно е зависно од својата мајка  но, исто така е многу важно детето да знае за татковата љубов и нежност од самиот почеток. Ова е од животно значење гледано психолошки, но исто така и духовно. Една од трагедиите на нашето време е што многу деца кои растат немаат никаква или имаат негатвна претстава за таткото, а тоа претставува опасност по нивниот однос со Бога, Небесниот Отец. Татковците треба да се потрудат да им посветат повеќе внимание на своите деца. Кога детето бучно плаче, или родителите ги држи будни по цела ноќ или ги оневозмоува  да присуствуваат  на цела Литургија, тие треба да се трудат никогаш да не заборават дека тое е  дете е Божје создание, Божјо дете, дар Божји та со такви мисли да ја совладаат лутината на бебето.
Првите три години од животот на детето се клучни за неговиот раст-телесен, душевен и духовен. Впрочем во текот на овие три години се обликува карактерот на детето, што од родителите изискува големи напори-но, секој напор е вреден на својот труд. Светиот Јован Златоуст вели: „Работи вредно, бидејќи работиш за себе; бидејќи животот ќе ти биде полесен ако децата ти се исполнети со доблести”.
Отец Јован Кронштетски пишува: „Не ги оставајте децата без внимание кога се работи за искоренување на плевелот на гревовите, городоста, лукавите и хулни помисли, грешните навики, склоностите и страстите од срцето нивно, бидејќи нечестивиот и грешното тело не ги штедат ни децата, та семето од сите гревови се наоѓа и во децата. Претставете им ги на децата сите опасности од гревовите на патот на животот и не го сокривајте од нив значењето на гревовите, за да не се зацврснат поради незнаење и неразбирање во грешни навики и страсни приврзаности, кои се повеќе јакнат и носат лоши плодови, кога децата  возраснуваат”.*

* Мy life in Christ, Jordanville, Holy Trinity Monastery, 1984, p.135, според српскиот превод: Мој живот у Христу, Београд, 1984, стр.167.


Од книгата: Васпитајте своје дете од с. Магдалена

Подготви: М.Б.

 

 Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)

 

Друго: