Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Тропар на преподобниот отец
Теон Солунски
4 април / 17 април

Времето кое до твоето тело се допре
свети  пастиру Теоне,
стана Богословие кое срцето
 го подигнува кон Небесата,
но и чудо неразбирливо за многумина.
Ти кој Пастирот Го прослави,
за нас молитви сотвори,
од Него да добиеме милост голема.

Aleksandar.N.sv.Haralampij



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

Тропар на преподобниот отец
Зосимa
4 април / 17 април

Благиот Господ со благост
душата твоја ја нахрани оче свети Зосимо
и срцето ти го исполни со сознанија надумни,
прикриени и од ангели
за ревноста твоја и подвигот пустински.
За нас пред Него моли се преподобен оче
заедно со Марија – ангелот на пустината,
да се спаси душата наша.

Aleksandar.N.sv.Haralampij


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов преподобен
Јосиф химнограф
4 април / 17 април

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,
што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,
рако продолжена на Духот Свети,
поттикнат од великиот Григориј,
исполнет со ревност од светиот Никола,
преисполнет со благодат по молитвите на
Вартоломеј Апостолот, земната Црква ја подигна
велегласно да слушне пеење небесно,
славење торжествено и народ да напојува
преку свитоците на твоите о, Јосифе од Бога
вдахновени песни, пофалба и благодарност наша
кон Бога искажи ти кој стана славеј на срцата наши
за наше спасение во вечни векови.


Тропар на светата
Христова маченичка
Фервута, нејзината сестра и други
4 април / 17 април

Телесните не можеа да ја видат убавината твоја,
Фервуто света со која Бог те обдари,
ниту умот паднат да ја спознае мудроста Христова
која од тебе извираше.
Тивкиот ветрец на благодатта те зави тебе, сестрата и другите,
и на небесата славата ваша ја вознесе,
за да се врати молитвено над нашите глави
и Бога Го прослави во вечни векови.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 



 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници
17/04/2022

Глас 1

Христе Боже,  за да  нé увериш

во општото воскресение,

пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите.

Затоа и ние, како децата носејќи ги знаците на победата,

Ти пееме Тебе, Победителу на смртта:

 Осана  во висините, Благословен е Оној  што доаѓа

во името на Господа.
 

Извор МПЦ-ОА
Од Верскиот календар на МПЦ (17.04.2024) 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

 

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Прeп. Јoсиф Химнoграф, прeп. мч. Никита,

    sv.Josif.Himnograf.jpg

Преподобен Јосиф Песнописец

Роден е во Сицилија од благочестиви и добродетелни родители, Плотин и Агатија. По смртта на родителите премина во Солун, каде што се замонаши. Како монах на сите им беше пример во постот, во крајната воздржливост, непрестајната молитва и псалмопеење, бдеењето и трудољубивоста. Солунскиот епископ го ракоположи за јеромонах. Кога прочуениот Григориј Декаполит го посети Солун, од дното на срцето го засака Јосиф заради неговиот редок карактер, па го зеде со себе во својот манастир во Цариград. Кога повторно изби пламенот на иконоборната ерес под Лав Ерменин, овој Јосиф беше испратен во Рим да ги повика папата и римската Црква во борба за вистинската вера. Но патем го фатија гусари и го одведоа на Крит, каде што еретиците шест години го држеа во затвор. Светиот Јосиф се радуваше зашто се удостои да пострада за Христа и непрестајно за ова Му благодареше на Бога сметајќи ги како златни украси железните окови на своето тело. Шестата година на Божиќното утро злочестивиот цар Лав беше убиен во црквата за време на утрената. Во истиот тој час на Јосиф му се јави Св. Николај и му рече: „Стани и следи ме!“ Тој се почувствува како подигнат во воздухот и одеднаш се најде во Цариград. На неговото доаѓање му се израдуваа сите правоверни. Им испеа канони и стихири на многумина светители. Имаше дар на проѕорливост, заради што патријархот Фотиј го постави за духовник и исповедник на свештенството, а го препорача како: „Човек Божји, ангел во тело, отец на отците“. Во длабока старост Му го предаде својот дух на Бога, Кому тој верно Му послужи. Се упокои мирно во Господ на Велики Четврток 883 година.

 Кипр. 1192.
Прп. Иосиф. Фреска. Кипр (Аракос Панагии церковь). 1192 г.

. Прeп. Зoсим. Мoнах на Јoрданската oбитeл вo врeмeтo на царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт.
Тoј ја прoнашoл, ја причeстил и ја пoгрeбал св. Марија Eгипeтска. Вo свoјата стoта гoдина сe
упoкoил вo Гoспoда вo VI вeк.

Светата маченичка Фервута
и нејзината сестра вдовица
и нивната робинка

Во времето на персискиот цар Савориј беше погубен Светиот епископ Симеон. Неговата сестра Фервута по желба на царицата ја зедоа во дворецот. Но таа беше необично убава и затоа навалија многубројни кандидати за женидба, меѓу кои имаше и незнабожечки гатачи и жреци. Фервута ги одби сите и со ова предизвика против себеси голем гнев. Бидејќи во тоа време се разболе царицата, гатачите му објаснија на царот дека е отруена од Фервута, а на болната царица како лек ѝ го препорачаа ова: Фервута, нејзината сестра и нивната робинка како христијанки да се престругаат со бичкии, трите половини на нивните тела да се состават на една страна, а другите три половини на друга, а царицата да се протне меѓу нив. Царот се согласи со овој крволочен предлог на гатарите. Фервута, нејзината сестра и нивната робинка пострадаа за Христа во 343 година, со ваква смрт влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.