Скопје, 26 ноември 2012 год.- храм на св.Петка


  Zarko.sv.Jovan.jpg


 

   На 26-ти ноември   2012 година,  кога светата Црква  молитвено  го прославува споменот на Свети Јован Златоуст  и светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета , во   храм на св.Петка,  во Скопје,  презвитер Жарко  одслужи  Божествена Литургија.Верниот нсрод на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. 

    Zarko.sv.Jovan1.jpg

  

  Zarko.sv.Jovan.jpg

    Zarko.sv.Jovan.jpg

 
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 70)

  Zarko.sv.Jovan.jpg

  Во тоа време дојдоа некои пред Исуса и Му кажаа за Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви. Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа најгрешни од сите Галилејци, та така пострадаа? Не, ви велам: ако не се покаете, сите така ќе изгинете? Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа најгрешни од сите жители на Ерусалим? Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“ И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадена една смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде. Тогаш му рече на лозарот: ,Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?’ А тој му одговори и рече: ,Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја опкопам и и ставам ѓубре; па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш’.“

 Zarko.sv.Jovan.jpg

Zarko.sv.Jovan10.jpg

  Zarko.sv.Jovan.jpg

   Zarko.sv.Jovan1.jpg

  Старец Софрониј

... Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме каков што е (1 Јов. 3, 2).

  Zarko.sv.Jovan.jpg

    Zarko.sv.Jovan.jpg

 

Преминпортал (к.т.)

Лето Господово 2012