Dule.Daniel.jpg

 Скопје, 10.03. 2013 год.- храм Свето Благовештение

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

На 10-ти март  2013 година, во Недела на Страшниот суд (Месопусна), кога Црквата молитвено го празнува споменот на Свети Тарасиј, патријарх Цариградски  и Преподобен Пафнутиј Кефалас, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, по пригодната беседа, отец Душко ја објави радосната вест, дека неговото духовно чедо Даниел заминува во манастир како искушеник.

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

 Старечник

Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа. Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“ Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“ „А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно. Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“ Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“ Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“ Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бог, а јас не сакам да бидам одвоен од Бог.“

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

 Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

Dule.Daniel.jpg

Преминпортал (к.т.)

10-ти март, лето Господово 2013