Vlatko.Pokrov.jpg

  Скопје, 14-ти октомври , лето Господово 2013- храм на св. Петка на празник Покровот на Пресвета Богородиц, преподобен Роман Слаткопоец и преподобен Јован Кукузел

  Vlatko.Pokrov.jpg

 Свети Григориј Палама

Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бога

  Vlatko.Pokrov.jpg

  Vlatko.Pokrov.jpg

      Vlatko.Pokrov.jpg

vozdvizenie.jpg

Покровот на Пресвета Богородица

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

  Vlatko.Pokrov.jpg

  Vlatko.Pokrov.jpg

  На 14-ти октомври 2013 година,на празникот на Покровот на Пресвета Богородиц, преподобен Роман Слаткопоец и преподобен Јован Кукузел , во храмот посветен на св. Петка во скопската населба Црниче ,отец Владимир Белчовски  отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. 

  Vlatko.Pokrov.jpg

 Vlatko.Pokrov.jpg

 Vlatko.Pokrov.jpg

 Vlatko.Pokrov.jpg  Vlatko.Pokrov.jpg

   Vlatko.Pokrov.jpg


 

 Vlatko.Pokrov.jpg

 Vlatko.Pokrov.jpg

   Преминпортал (к.т.)

14-ти октомври, лето Господово 2013