kozarski.jpg

На 24.02.2008 година, кога Светата Црква го прославува споменот на  свети Ѓоргиј Кратовски и неделата на Блудниот син, во МПЦО посветена на  св. Ѓеоргиј Кратовски,  со Светата  Литургија свечено го прослави својот патронен празник.

kozarski1.jpg
На покана на Управниот Одбор на Црковнта Општина од Хамбург и со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Света Литургија во чест на празникот а во присуство на голем број верници отслужи Протојерејот-Ставрофор Блажо Кожарски, парохиски свештеник во МПЦО Свети Наум Охридски – Малме –Шведска. По Светата литургија се изврши и благословување на славскиот леб припреман од фамилијата на Момчило Коцев. За идната година домаќин ќе биде фамилијата на Ацо Николовски од Хамбург.
Прота Блажо најпрвин ги пренесе благословот и поздравите по повод храмовиот празник до верниците од страна на надлежниот архиереј Митрополитот Европски г.Пимен, како и од верниците и Управниот Одбор на МПЦО Свети Наум Охридски – Малме. Потоа зборуваше за житието на Свети Ѓорги Кратовски и неделното Свето евангелско четиво за Блудниот син. Го најави и поставувањето на редовниот парохиски свештеник за МПЦО Свети Ѓоргиј Кратовски – Хамбург, Свети Спас –Лацен –Хановер и Свети Климент Охридски –Берлин во лицето на отец Дејан Трајков од Скопје ,  Република Македонија.

kozarski2.jpg

 kozarski3.jpg


Во попладневните часови во организација на Управниот Одбор на МПЦО Свети Ѓоргиј Кратовски од Хамбург се одржа прослава -сенародна веселба и беше поставена трпеза за сите присутни.
За одбележување е да споменеме дека на Света литургија и прославата присуствува: г.Ханс Јурген Бöсцх  почесен конзул на Република Македонија во Хамбург, преставници на МПЦО Свети Спас Лацен Хановер, од Холандија, околните градови на Хабург  и др.
По молитвите на Светиот Ѓорги Кратовски. Господи Исусе Христе Боже наш смилувај се на нас.

 

kozarski4.jpg 


kozarski5.jpg

Претседател на МПЦО  Св. Ѓорѓи Кратовски, Васе Шопов

Текст: о. Блажо Кожарски

 

Посети:{moshits}