Dijalog.MANU.jpg

Скопје, 15.11.2013 год.- МАНУ

  Dijalog.MANU.jpg

  Dijalog.MANU.jpg

 Dijalog.MANU.jpg

 Dijalog.MANU.jpg

 Dijalog.MANU.jpg

   По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, на  16 ноември 2013 година, МАНУ , со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  организираше „ Националната конференција за политички и меѓурелигиски дијалог и култура на толеранција“ .На оваа конференција ќе се дискутира за значењето на толеранцијата за меѓусебно разбирање и почитување во насока на развивање на нашето општество.На конференцијата беше  обработена и темата за слободата на изразување на интернет каде национални и странски експерти ги  прикажаа искуствата за остварување на оваа слобода истовремено претставувајќи механизми за борба против говорот на омраза.

Посебно значајна за конференцијата е и поддршката која Претседателот на Република Ммакедонија - г. Ѓорге Иванов ја упати во своето обраќање до присутните во насока на унапредување на толеранцијата и дијалогот во земјата.

   Иванов: Говорот на омраза е повреда на човечкото достоинство

„Неопходно е да го подготвиме македонското многуетничко, многурелигиско и многујазично општество за успешно да се соочи со предизвиците на современиот свет. Неопходно е создавање механизми за борба против говорот на омраза на интернет без ограничување на слободата на изразување. Потребно е исправно сфаќање на слободата и на нејзините граници. Границите на слободата на изразување се исцртани со слободата на другите луѓе и со нивното човечко достоинство. Тоа се граници исцртани со меѓуетничката и со меѓурелигиската толеранција, почит и прифаќање".

 Dijalog.MANU.jpg

  Dijalog.MANU.jpg

 Dijalog.MANU.jpg

 Dijalog.MANU.jpg

 Dijalog.MANU.jpg


 

  Национална конференција
за политички и меѓурелигиски дијалог и култура на толеранција



15 ноември 2013
Македонска академија на науки и уметности, Скопје



09:00-10:00   
                          Дневен ред:

Поздравни обраќања

Акад. Владо Камбовски, Претседател на Македонската академија на науките и уметностите

H.E. Ралф Брет, Шеф на Мисијата на ОБСЕ

H.E. Аиво Орав, Шеф на делегацијата на ЕУ

Проф. Валентина Божиновска, Директор на Комисијата               
за односи со верски заедници и религиозни групи

Н.Е. Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија


10:00-11:30

11:30-12:00    Сесија I: Политичка и меѓурелигиска толеранција                во мултикултурните општества 

Модератор:
Проф. Дона Колар-Панов, Декан на Факултетот                             за комуникации, International Balkan University, Skopje

Говорници:
Акад. Елмар Кун, Декан на катедрата за светски религии, член на Европската академија на науките и уметностите 

Проф. Ферид Мухиќ, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Проф. Мерсел Биљали, Правен факултет,                                 ФОН универзитет, Скопје

Кафе пауза

     12:00-14:00   
Сесија II: Слобода на изразување на интернет: Комплексност на регулирањето на говорот на омраза
на интернет

Модератор:
Доцент д-р Жидас Даскаловски, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи, Универзитет
„Св. Климент Охридски“, Битола

Говорници:

Г-дин Димитар Ѓеорѓиевски, Директор на Дирекцијата          за заштита на личните податоци, Скопје

Д-р Ненад Живановски, медиумски аналитичар

Г-дин Сеад Џигал, експерт за нови медиуми и докторски кандидат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Д-р Даниел Мило, виш советник за превенција на криминал и екстремизам, Министерство за внатрешни работи, Братислава

Дискусија

14:00-14:30
   
Завршни видувања

14:30-15:30


 

 Преминпортал (к.т.)