На 07.12.2013 со Голема вечерна која се отслужи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ - Скопје на која чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, а во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, се одбележува празнувањето на првиот Архиереј и Пастир на Охридската Архиепископија - Свети Климент Охридски во лицето на Македонската Православна Црква.

 Copy_of_IMG_4459

  По богослужбата се одржа свечена академија на која свое излагање имаа Неговото блаженство Архиепископот г.г. Стефан и проф. д-р Илија Велев од Институтот за литература при УКИМ. 

 

 

 

 

 

 

Извор: Скопска епархија