starec.Gavrilo.G.jpg

 „Можат да ве прогонуваат, но Бог секогаш ќе биде со вас!“ – свети Гаврил Грузиски

 


  starec.Gavrilo.G.jpg

  Смртта - тоа е само миг
Прозорливоста на отецот Гаврил ја почувствував лично. Едно утро почувствував гушење и болка во пределот на срцето. Кога болката помина, тргнав кон старецот. Тој ме погледна и рече: „Сите вие се плашите од смртта! Смртта е - ништо, тоа е само миг, премин во вечен живот. Човекот не успева ни очите да ги затвори, а веќе му се отвораат духовните очи и го гледа своето тело и мисли - зошто да бидам во тело, кога е многу поубаво без него!“
Му одговорив: „Во својот живот видов толку умирања, што воопшто немам страв од смртта.“ Се насмеа и ми рече: „А знаеш ли дека со една нога си веќе таму?“ Затреперив: „Вие сте забележале нешто?“ „Ете гледаш“, се насмеа старецот, „ти си се исплашил. Човек, кој што ќе направи добро, за еден чекор е поблиску до Господа, а оној који прави зло, оди чекор наназад. Ние цел живот се искачуваме и се спуштаме. Живејте на начин кој секогаш ќе ве приближува кон Бога“.

Господ доаѓа

Секогаш си мислев дека отецот Гаврил има некакво духовно образование, зашто беше многу мудар. Но тој немаше завршено ни петто одделение - како тогаш можеше толку да знае!? Еднаш така лежеше и разговараше со нас, и ние бевме многу среќни што разговараме со него. Но, тој наеднаш замолкна, стана и ги крена рацете кон иконата на Спасителот и лицето му се измени. Ми се чинеше дека е отсутен.
Ја прашав матушка што се случува со него, а таа ми рече да молчам. Старецот стоеше петнаесетина минути, гледаше во иконата, а потоа се прекрсти и рече: „Господ доаѓа. Сета вселена трепери пред Него. Се ближи крајот на овој материјален свет. Луѓето мислат дека се тоа приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно. Не, наскоро ќе му дојде крајот на ова! И вие ќе бидете сведоци на тоа!“
Се прашувавме што ли видел старецот, а тој продолжи: „Најважно е да ги исполнуваш Божјите заповеди. Сакајте се еден со друг, сакајте ги ближните! А јас вашата љубов ќе Му ја принесам на Бога“.

 

 

(Продолжува)

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 
  • 3-ти април, лето Господово 2014

Друго:

 Житие на свети Гаврило Грузијски (1дел) - 31.03.2014

 Житие на свети Гаврило Грузијски (2дел) -01.04.2014