Божествена Литургија во манастирот “Успение на Пресвета Богородица“-Матка, на денот на преподобниот отец наш Наум Охридски чудотворец.

Глас четврти:
Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел.Така и нас со твоите молитви избави нe од искушенија.
