Donibruk.vecherna.jpg

 По повод верскиот празник св. Илија денес во македонскиот православен храм св. Илија во Фуцкрај - Мелбурн се одржа вечера Богослужба.

Богослужбата ја отслужиа   од свештениците при македонската православна епархија за Австралија и Нов Зеланд: архирејскиот заменик - Јовица Симоновски, отец Љупчо Каревски, отец Трајко Мојсов, игуменот - Гаврил, и  игуменот - Никодим.

Меѓу присутните верници беше и генералниот конзул на Република Македонија во Мелбурн - Бети Коруновска со своето семејство.

После богослужбата за верниците беше приредена трпеза на љубовта во црковната сала .

Отец Љупчо Каревски ги покани верниците да присуствуваат на утрешниот ден на официјалната служба и на панихидата за паднаттите борци кој го дале својот живот за својата татковина Македонија која започнува во 9 часот наутро.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: http://falanga.com.au/ekskluzivni-fotografii-vecherna-bogosluzba-vo-sv-ilija---fuckraj