Годишнина од упокојувањето на светогорскиот Старец Георгиј Капсанис (08.06.2015 10:34)

На 8 јуни 2014 година, на самиот голем празник Педесетница, што воедно е и ден на слегување на Пресветиот Дух, се упокои во Господ познатиот светогорски Старец Георгиј Капсанис.
 
„Јасно е зошто не можат да се пребројат сите заслуги на Старец Георгиј. Тој беше образец на свештенослужител, исклучителен беседник, пламен православен богослов, помошник и пријател на многудетните семејства, поддршка на студентите, добротвор, утешител на бедните, човекољубив духовник...“
 
Многупочитуван Старче, вечен нека ти е споменот!

Извор: МПЦ-ОА

Панихида на едногодишниот помен од упокојувањето на Старец Георгиј Капсанис

10 јуни 2015 лето Господово

Вечерта на 5 јуни во Атонскиот манастир „Григоријат“ беше отслужена Панихида за блаженоупокоениот архимандрит Георгиј Капсанис.205809.p.jpg За покој на душата на Старецот се молеа, митрополитот Фтиотидски Николај и Лимасолски Атанасиј, игумените на Атонските манастири Ватопед, Есфигмен и Дионисијат, Министерот за правда г- дин Јоанидис, претставници од сите Светогорски обители и големо мнозинство верници. По завршувањето на Панихидата присутните се помолија и на гробот на о. Георгиј. 205809.p.jpg

Со проповед кон насобраниот народ се обрати игуменот на Дионисијат архимандрит Петар, и проигуменот на Ивирон, познатиот богослов архимандрит Василиј Гондикакис.

Блаженоупокоениот архимандрит Георгиј претставуваше огромен авторитет во догматските прашања. Неговиот критички став во врска со екуменистичкиот дијалог, католичкото богословие и еретичките учења, беше лишен од секаква површност и тенденциозност. Сите трудови на о. Георгиј (од најмали статии до фундаментални дела) беа поставени на цврсти изворни темели и буквално ги разоружуваа противниците. Според зборовите на Митрополитот Фтиотидски Николај „Георгиј Капсанис цврсто и непоколебливо го заштитуваше Православното Предание, но никогаш не беше фанатички настроен. Сите свои мисли тој ги просејуваше низ ситото на умната молитва, очистувањето преку Светите Таинства и преобразувањето на душата преку учество на Божествената Литургија“.

Митрополит Јеротеј Влахос го нарекува о. Георгиј „Вселенски учител кој го сочува светогорскиот и монашкиот опит со мудрост и расудување“. Според неговите зборови, за сите оние што имаат среќа да го познаваат о. Георгиј тој беше „татко, брат, учител, советник, соподвижник, другар, поддршка, утеха и радост“.Старец Георгиј „го очекуваше небесниот град, живееше заради Царството Небесно... негова главна работа беше богатството на Православната Црква, на која во служба тој ѝ го посвети сиот свој живот“.

Извадок од едно од последните интервјуа на блажениот Старец

Доколку пред вас се појават група млади луѓе, на што би им обрнале внимание, кон што би ги повикале да стремат, а што да избегнуваат?

Би им се обратил со зборовите на еден од древните отци на Црквата: „Љуби и прави што сакаш“. Доколку ти вистински љубиш – нема да направиш ништо што би Го огорчило Бога и твоите ближни. Сите заповеди Христови се содржат во заповедта на љубовта. Вистинската слобода, тоа е слобода на љубовта, а не слобода на егоизмот. Јас вистински сум слободен кога го правам она што го бара од мене љубовта, а не она кон што ме влече егоизмот и другите страсти.

Кога ние, како чеда на Црквата, треба да зборуваме, а кога да молчиме?

Вие поставивте едно многу сериозно прашање, коешто секој од нас треба да му го постави на сопствениот духовник. Според Светите Отци, расудувањето е врв на сите добродетели. Тоа е буквално компас којшто ни укажува кога и што треба да се каже. Но расудувањето е дар на Светиот Дух. Тоа им се дава пред сѐ на зрелите и совршени христијани.

Дали послушанието е само за монасите или и за сите христијани? Каде и кога треба да го практикуваме?

Послушанието е пат на спасението и усовршувањето на сите христијани. Големиот атонски Светија, Рамноапостолниот Козма Етолски советува не само жените да ги слушаат своите мажи, туку и мажите своите жени, кога нивните совети не ѝ противречат на волјата Божја. Со послушанието ние го победуваме својот егоизам и стануваме способни за богољубие и човекољубие, стануваме луѓе Божји.

Извор: АгионОрос.ру

Преземено од : Бигорски манастир