Скопје, 27-ми октомври 2015 год.- храм на св.Петка, н. Црниче

 

 

Авва Марко

И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите. Но ти, со големо внимание и настојување на умот, во содејство одозгора од кога еднаш ќе ги пронајдеш овие невидливи дивови на злото, потоа лесно ќе можеш да се избавиш од нив, пак, со внимание и молитва. Тогаш од твојата ревност за вистинското знаење, за паметењето на Божјото слово и согласувањето на твојата волја и живот при состојба на внимание во срцето и постојано чување на силата на дејствената благодат – заборавноста, незнеањето и мрзливоста ќе бидат истребени и ќе исчезнат.

 На 27.10.2015 година, во дваесет и втората недела по  Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го празнува споменот на  преподобната Параскева од Епиват, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар во сослужение на свештенството од Скопска епархија, отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Св. Параскева – Петка, во Скопје.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 Преминпортал (к.т.)