15727192_1178299485588473_5668512873315866366_n

29/12/2016  

Доктор Лиза ја сакаа сите. И имаше за што: во текот на многу години, таа практично секојдневно укажуваше палијативна медицинска помош, хранеше бездомници, ги облекуваше, им даваше прибежиште. Под истрели извезуваше болни и ранети од Донбас, за да можат да се лекуваат во најдобрите болници од Москва и Санкт-Петербург.

Организираше дом за деца со ампутирани екстремитети, каде што ќе може да се рехабилитираат после болница. Таа, заедно со другите членови на Итната медицинска помош патуваше по опасните зони во сите краеви на земјата, трудејќи се да ги ислуша сите, кои имале потреба, да им помогне на сите. Таа, буквално изнудуваше од раководителите на регионите пари за помош за болниците, домовите, интернатите. Да се спасува животот на другите – беше нејзината мисија насекаде: во Русија, Донбас, Сирија…

/Михаил Федотов, претседател на Итната Помош/.

elizaveta-glinka

„Ние, заштитниците на човековите права сме надвор од политиката. Исто и луѓето, кои ги штитиме. Ние сме на страната на мирот, дијалогот и соработката со сите луѓе. Никогаш не сме сигурни, дали ќе се вратиме назад живи. Затоа што, војната – е пекол на земјата. И знам за што зборувам. Но сигурни сме, дека доброто, сострадувањето и милосрдието се посилни од било кое оружје“.(последните зборови и последната фотографија на Елизавета Глинко)

 

Извор:

http://www.pppe.mk/2016/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%be%d1%82%d0%be/