Скопје, 28.01.2017 год.- храм н св. Петка

sv.GavrilLesnovski.jpg

Преподобен Гаврил Лесновски

Кондак, глас 6.

На земјата си поживеал ангелски, и со животот си го објаснил Евангелието; умот свој си го свртел кон небесата, а луѓето си ги учел на благочестие. Поради тоа те славиме: Радувај се, преподобен Гавриле, Лесновска похвало.

Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што му изгради црква на Св. Архангел Михаил. Чудотворец за време на животот и по смртта. Се упокои во Господ на крајот од 10 век.

 

Скопје- На 28-ми јануари  2017 година, во триесет и првата  недела по Педесетница. во храмот  на св. Петка, на празникот на Преподобен Гаврил Лесновски  свештеникот Владимир Белчовски во сослужение на свештеникот Гаврил Најдовски  отслужи Божествена Литиргија, на која бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

 

Преподобен отче Гавриле, твојот живот во овој свет се покажа како натприроден, зашто живеејќи на земјата, си останал  бестрасен и си го возљубил мирот и тихувањето; следејќи го Христовиот тесен и мачен пат, си се искачил кон небесните обители, каде што се молиш за наше спасение.

   Преблажени отче Гавриле, достојно си ја примил честа рамноангелна и, стоејќи пред Бога со бесплотните (сили), не заборавај нѐ и нас, кои твојот чесен спомен го славиме, туку погледни од небесата и пушти ни ја твојата светлина, та радосно да ги прославиме твоите чудеса.

   Отче Гавриле чудотворче, гледајќи ги Бог твоите бројни подвизи и напори, со кои си блеснал на свешникот од Христовата светлина, со дарот на чудесата збогати нè, и направи сите ние да те знаеме, заради чудесните исцеленија. Поради тоа и ние ти викаме: Моли Го Христа Бога за сите нас кои твојот спомен го славиме, и од гревовните страсти избави нѐ.

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: