Скопје, 5-ти март 2017 год.- храм на св.арх. Михаил

На 5-ти март  2017 година, во Неделата на православието, а во спомен на Свети Лав, епсикоп Катански и Светиот свештеномаченик Садок, во храмот Св. Архангел Михаил, во скопската населба Автокоманда, отец Глигор Дамјановски отслужи  Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа.

 

Старец Ефрем Филотејски

Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бог. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание.

 

 

 

Преминпортал (к.т.)