fotij.vencavka.jpg

fotij.vencavka1.jpg

На денот на светите апостоли Јасон и Сосипатар, само две седмици по светлото Христово Воскресение, игуменот на манастирот Успение на Пресвета Богородица, јеромонах Фотиј, ги венча чедата Божји Борис и Неда.

fotij.vencavka2.jpg

fotij.vencavka3.jpg

Венчавката се одржа во текот на неделната Божествена Литургија, при што младенците  се причестија  со Светите Христови Тајни. Од певницата, собратот на манастирот Успение на Пресвета Богородица, о. Ефрем, успеа со својот глас, на сите присутни да им ја долови убавината на старомакедонското црковно пеење.

fotij.vencavka4.jpg

„Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа...”

На самиот чин на венчавањето, покрај присуството на поканетите верни, забележително беше и присуството на голем број на странски туристи кои имаа ретка можност да бидат сведоци на совршеното функционирање на живото Тело Христово во ликот на возобновената Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија.

 

 

 

 fotij.vencavka5.jpg

Редакцијата на ПреминПортал им го честита стапувањето во брак на младите. На многаја лета!

Подготвил: Б.Ѓ.

Посети:{moshits}