3.angeli.so.truba

 Скопје, 21ви ноември 2020г.- Соборен хран на св.Климент Охридски

 

Божествена Литургија во  Соборен храм, Скопје (21.11.2020)

3.angeli.so.truba

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 7:31-35

На 21ви ноември  2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

 

 Во дваесети и третата недела по Педесетница, на  21ви ноември   2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на , во во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, протопрезвитер Бранислав Стојанчов  во сослужение на ѓаконот Марјан Ѓошев  отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа.

 

ВИДЕО

 

 

Старец Јосиф Спилеот

Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето.

Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос.

 

 

 

 

3.angeli.so.truba