Zvonko.sv.Vasa10

Калишта -Струга- Манасти посветен на Рожеството на Пресвета Богордица

 Zvonko.sv.Vasa10

Zvonko.sv.Vasa10

Во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа водат при Тебе девици, нејзини другарки, и ги приведуваат кон Тебе, ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец (Псал. 44, 14 – 15).


 Zvonko.sv.Vasa10

Калишта- 04.12.2020 лето Господово

Едната  света, соборна и апостолска  Црква го прославува споменот на

Воведување на Пречистата Божја Мајка во храмот во Светињата на Светињите.

Zvonko.sv.Vasa10

Zvonko.sv.Vasa10

Zvonko.sv.Vasa10

Овој спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај  на се, на полза на сите,  беше неговото слово во кое не поучи со зборовите:


„Во Ерусалимскиот храм се воведува Пресвета Дева, девојчето Марија, идната Мајка на Спасителот и на сите кои во Него веруваат! Тоа е настан многу поголем од празникот на Нејзиното рожедество. Зашто овој ден е денот на Нејзиното духовно раѓање. Сокриена под сенката на старозаветниот Храм, изникна цветот на Новиот Завет – Дева Марија, Која го даде најсветиот Плод. Влегувањето на Пресвета Богородица во храмот е чудесен празник, браќа и сестри, затоа што тој ни кажува оти сме вечни, и оти нема нечуени молитви, нема нечуени просења, нема бесплодни луѓе.


Светите Јоаким и Ана ја охрабриле Пресвета Богородица да влезе во храмот. Можеме ли и ние, во оваа криза, да ги насочиме душите си: „Влези! Влези во храмот! Влези во храмот!“

И да се помолиме: „Господи, остави ми го, дај ми го животот, јас ќе го водам кон Светињата на светите. И ќе се причестам, ќе ги примам, Твоето Тело и Твојата Крв, кои сакаш да ни ги дадеш. Ќе се одречам од тоа, кое што го осрамотува човекот, кое што го прави бесплодна пустина - гревот. Ќе влезам во храмот и ќе останам во него, а телото ќе го направам оаза, спремна за Твојата благодат“


Најмили,  Таа нека нѐ воспитува, нека нѐ закрилува, нека нѐ утешува во маките и ни ги брише солзите на страданијата... За многу години.

 

За Преминпортал:

Дејан Блажевски

Zvonko.sv.Vasa10

 Zvonko.sv.Vasa10

 Отец Стефан Санџакоски

Декември 2020 лето Господово