Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан -

Божествена Литургија во Црквата на св.Никола, с.Љуботен(09.01.2021)

3.angeli.so.truba

На 9ти јануари 2021 година, во Саботата после Рождество, кога Македонската православна црква - Охридска архиепископија - Јустинијана Прима  молитвено го прослави споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во Црквата св.Никола во скопско Љуботен,свештеникот Ѕвонко Аговски отслужи Божествена Литургија.


Поука на денотСветиот преподобен Теодор Студит
Вие сте се распнале за светот и светот се распнал за вас: оттргнете се од сѐ што е земно и издигнувајте се кон небесното живеење; живејте само за Бога, а бидете како умрени за сѐ друго. Таму е вашата вера, таму ќе бидат свртени и вашите очи; она со што сте запленети, таму ќе биде и срцето ваше, како што рекол и нашиот Господ: „Каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј 6, 21). Гледате ли со какви блага сте се удостоиле и со каков возвишен живот? Тоа е вистински ангелски живот. Затоа, живејте како што живеат ангелите: не потчинувајте им се на случајностите: со кротоста борете се против гневот, а против похотта - со целомудрието. Да не дозволувате да бидете победени од некоја мала сласт, која ве вознемирува секој ден и секој час. Оружјето против неа го покажал оној што рекол: „Долго време се надевав на Господа, и Он се наклони над мене и ја чу молитвата моја“ (Псал. 39, 1). И тој се избавил од таквата страст, макар и по подолго време.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во внатрешноста на храмот  се одвиваат реставраторски активности на фрескоживописот во црквата. Се работи за црква од 14. Век со  исклучително богат фрескоживопис.

Територијата на  Скопска Црна Гора е предел од Македонија кој  е богат со над 50 цркви и манастири.

 

 

За Преминпортал прилогот го подготви Симеон Стефковски