3.angeli.so.truba

Ликува денес монашката природа поклонувајќи се пред својот отец богомудриот Теодосиј, фиданката на општежитието, многусјајната ѕвезда која засветли со безброј подвизи.Он ги рашири своите крилја, прибирајќи ги своите пиленца жедни за аскетски живот, ги напои со жива вода предавајќи им го Светото Евангелие, та преку него да се спасуваат.
Неговиот спомен денес се прослави и во обителта на Богомајката, но двојно облагодатен заради чествувањето на споменот на блаженоупокоениот отец наш и ктитор истоимениот Теодосиј- Пречистантски, и блаженото упокојување на светиот владика наш Козма Пречистантски кој се представи пред Господа 1916 година во Пречистанската обител.

3.angeli.so.truba
 
Се поклонуваме на нивните мошти и просиме од нив благослов за нашата Света Црква, за нашата света обител за нејзино благуспевање по патот на ширење на Евангелската радост, духовна закрила на нашето скромно монашко сестринство- негово наследство, за нашиот град и татковина да бидат запазени од секакви искушенија, по молитвите на светиот Теодосиј и по молитвите на Пречистата Богомајка сега и во сета вечност Амин!
Достојно блажени и секогаш споменувани отци и ктитори на овој свет манастир, вечен ви спомен!

3.angeli.so.truba