Лесновскиот манастир, во чиј склоп се наоѓа црквата посветена на Св.Архангел Михаил и Св. Гаврил Лесновски, се наоѓа помеѓу градовите Кратово и Злетово. Црквата ја подигнал деспотот Јован Оливер во 1341 година на темели од постара црква која постоела уште во времето на св.Гаврил Лесновски. Неговите мошти некое време биле во овој манастир, а подоцна биле пренесени во Бугарија, во трновската црква Св.Апостоли.
Живописот во нартексот во оваа црква датира од 1349 год. и зазема видно место во средновековната уметност во Македонија.
Посебно внимание привлекува копаничарски изработениот иконостас, дело на копаничарската тајфа предводена од Петре Филиповски од село Гари.Овој иконостас претставува значајно дело на нашите копаничари од првата половина на XIX век, заедно со иконостасите во Бигорскиот манастир и во црквата Св.Спас во Скопје.
Заради сите овие податоци, како и заради извонредната местоположба на Лесновскиот манастир, тој е секојдневно посетуван од десетици туристи од Македонија и од странство.
Во оваа прилика, на поклонение во манастирот Св.Гаврил Лесновски беа членовите на МПЦО Св.Злата Мегленска од Загреб.
подготвиле: М.З./С.Т.
|
|