„На 21.4.2022 г., Велики Четврток, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан, во сослужение со  Архијереите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: г. Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски, г. Агатангел, Митрополит Повардарски, г. Иларион, Митрополит Брегалнички, г. Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, г. Григориј, Митрополит Кумановско-осоговски, г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски и Нивните Преосвештенства, Епископите: Хераклејски, г. Климент, Стобиски, г. Јаков и Антаниски, г. Партениј, служеше Света Божествена Литургија, на која го изврши и Чинот осветување на миро, што е основен показател за автокефалност на секоја помесна Црква.
 
Ова беше четврто осветување на свето миро од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а потсетуваме дека првото миро после возобновувањето на автокефалноста, нашата Света Црква го добила во 1967 година  од тогашниот претстојател на Романската Православна Црква, Патријархот Јустинијан.
 
На Великиот вход, Архимандритот  Никола го носеше алавастерот со светото миро осветено од Архиепископот Михаил во 1996 година,  а протопрезвитерите ги носеа алавастрите со новото миро.

После Входот, алавастрите со новото миро беа поставени на светиот престол. Потем, по завршетокот на канонот на Евхаристијата, Архиепископот го освети нововареното миро, а светото миро осветено во 1996 година, беше долиено во новото миро, со што се покажува непрекинатото дејство на Божјата благодат. Тоа ќе биде чувано во Соборниот храм и по потреба предавано на епархиите на нашата Света помесна Црква.“

 

 

 

Друго:

1.- Македонската православна црква по четврти пат во својата автокефална историја вареше Свето Миро.

 Варењето Свето Миро е еден од суштинските елеменити на црковниот жиовт. Тоа се прави на посебен начин и постапка која трае цели три дена.

Годинешново варење на миро почна на 18 април во Соборниот храм во присуство на архиепископот г.г. Стефан и други владици. Откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла и по што новосвареното миро беше излеано во алавастери. Потоа, тоа беше пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кадешто денеска, за време на Великочетврточната Василиева Литургија, архиепископот во сослужение на останатите архијереи,  го освети новото миро.


По повеќе од дваесетина години ова е ново варење на миро и вкупно четврто откако македонската црква е возобновена како автокефална во 1967 година.

Првото Свето Миро МПЦ го добила од Бугарската православна црква од Патријархот Кирил кој по прогласувањето на автокефалноста и подарил на МПЦ-ОА, 3 литри Свето Миро во 1967 година.

Осветеното миро е посебно масло со кое во црковните храмови се извршува света
та тајна миропомазание по крштевањето и се осветуваат цркви и антиминси. Варењето ба свето миро е одлика на автокефални цркви иако тоа може да се добива и од други православни цркви.-religija.mk

2.-  https://www.macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BE/index.html

 

3.-https://www.novamakedonija.com.mk/tag/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BE/

 

4.-https://denesen.mk/mpc-prvpat-po-dve-decenii-kje-se-vari-sveto-miro-koe-posleden-pat-e-praveno-vo-vremeto-na-g-g-mihail/