losangeles.Uspenie.jpg

losangeles.Uspenie1.jpg
      

Македонската православна црква во Лос Ангелос е посветена на Успението на Пресвета Богородица. Тоа е празник на сите македонци кои живеат во Лос Ангелос и околината. Секој Македонец си има домашна слава, но овој праник ги сплотува сите без разлика кој од каде дошол од Македонија, засто токму Мајката на нашиот Спасител ја има таа сила да ги собере под нејзиниот покров сите без разлика кој од каде е.

losangeles.Uspenie2.jpg

И токму така беше. Црквата беше преполна со верници. Во својата беседа свестеникот подвлече дека “ Од нас се далеку Голгота, Елеонската Гора и Гетсиманската Градина за да ги посетиме и коленопреклоно како што Пресвета Богородица се молела да се помолиме. Но затоа ова парче земја и на него изградениот храм, посветен на Успението на Пресвета Богородица е нашата Голгота, насата Елеонска Гора и Гетсиманска Градина и затоа почесто треба тука да се собираме и да бидеме под силната закрила на Пресвета Богородица.”

losangeles.Uspenie3.jpg
Кумовите Андрус и Јени принесоа славски леб во името на сите парохијани а за идната година Господ посака тоа да го направат Лазар и Сузана Мацковски. На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Дарови.

losangeles.Uspenie4.jpg


Честитајки го празникот на сите православни христијани, посакуваме Мајката Божја и во иднина да не чува под нејзина закрила и да ги отклони сите неправди што се нанесуваат на насиот недолжен и од Бога благословен Македонски народ.

Известува: отец Ристо Ристовски

Посети: {moshits}