pospatrohrid2022 20

Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.

По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе. (Јн. 13, 34-35)

pospatrkali2022 1

pospatrkali2022 2

pospatrkali2022 4

По Божјата милост и благослов, како и со застапништвото на светиот Климент Охридскиот Чудотворец и светиот Сава Српски, по долги години искушенија за двете цркви - Македонската православна црква - Охридска архиепископија и Српската православна црква, дојде времето да го покажеме на дело исполнувањето на Новата Христова безвремена заповед. По молитвите и заложбите на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и на Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, како и по снисходењето и молитвите на членовите на Синодите на двете сестрински цркви, Господ даде по долги години браќата кои никогаш и реално не се оддалечија, сега повторно да го возобноват мирот што Господ ни го остави преку Своите свети апостоли и ученици. А кога браќата се љубат помеѓу себе, тие и не сакаат за долго да бидат оддалечени еден од друг, туку заеднички да пребиваат во љубовта Христова, заеднички величајќи го Неговото Име. Во овој евангелски дух, на 20 и 21 јуни 2022 година, се случи и посетата на Патријархот Српски г.г. Порфириј на нашите древни светињи, изградени покрај водите на прекрасното Охридско Езеро.

 pospatrkali2022 5 

pospatrkali2022 6

Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, придружуван од Неговото Преосвештенство Епископот Зворничко-тузлански г. Фотиј, како и од други свои придружници, на 20 јуни во раните вечерни часови, беше свечено дочекан во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга, од страна на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој беше придружуван од Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, од Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, од повеќе свештеници и монаси, како и од многубројниот верен народ. Патријархот најпрво беше дочекан со мандија и жезол во дворот на манастирот, а потоа со пеење на Богородичната химна Достојно ест... влезе во храмот, каде што се поклони на чудотворната икона на Мајката Божја, а додека влегуваше во храмот многубројниот верен народ со радост го целиваше крстот и раката на Патријархот, како и на нашиот Архиепископ Стефан. Откако се искачи на архиерејскиот трон, свештеникот Александар Димоски му подаде епитрахил и мал омофор на Патријархот, а потоа беше отслужена и доксологија, на која покрај отец Александар, служеше и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, кој произнесе и многулетствија за Патријархот и Архиепископот. Доксологијата беше украсена и од прекрасните гласови на свештениците Ѓорѓи Блажевски и Васил Михајлоски, како и на протоѓаконот Александар Димитријов. По завршувањето на доксологијата, имаше кратко обраќање од страна на Архиепископот г.г. Стефан, кој му искажа искрено добредојде на нашиот ценет гостин, а на самиот крај, кон Архиепископот и архиереите, како и до сиот верен народ, се обрати и Патријархот г.г. Порфириј.

Утредента, на 21 јуни, членовите на делегацијата на Српската православна црква, најпрво го посетија храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, каде беа дочекани од Митрополитот Тимотеј, како домаќин во Охрид, а потоа ја посетија и Галеријата на икони. По разгледувањето на прекрасните икони од Гакеријата, Патријархот даде кратка изјава на новинарите, во којашто кажа дека дошол со една цел, да се поклони на великите светилишта, кои духовно ги поврзуваат сите словенски народи. Потоа се упатија кон манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што беа дочекани од моштите на нашиот свет застапник и учител, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, а беа разгледани и древните археолошки знаменитости во дворот на манастирот, како што се трпезаријата и баптистериумот што датираат од V век, во кои се сочувани и прекрасни подни мозаици. Делегацијата беше примена во резиденцијата на Митрополитот Тимотеј, а по краткиот одмор, патувањето продолжи од охридското пристаниште. Гостите, патувајќи со бродот, можеа да ги видат убавините на Охрид и Охридското Езеро и од една поинаква перспектива. Со Божја помош, делегацијата пристигна на другата страна од Белото Езеро, кај сотрудникот и сомолитвеникот на светиот Климент, во манастирот на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, каде што делегацијата со свечено биење на камбаните, беше дочекана од игуменот на манастирот, архимандритот Нектариј. Откако се поклонија на гробот на преп. Наум Охридски, и откако ја посетија и капелата посветена на светите браќа Кирил и Методиј, гостите имаа можност и да ги одморат своите очи и души и покрај Светинаумските извори, каде што беше приредена свечена трпеза на љубовта. Откако се наситија со духовните богатства на Охрид и Струга, нашите драги и секогаш посакувани гости, ја завршија оваа кратка, но исполнета со радост и љубов средба. Истите беа свечено испратени од страна на Архиепископот г.г. Стефан, од Митрополитот Тимотеј и од Епископот Климент на охридскиот аеродром. Од името на свештенството, монаштвото и сиот верен македонски народ, му заблагодаруваме на Неговата Светост Патријархот г. Порфириј за неговата посета, за неговите прекрасни зборови, секогаш исполнети со љубов и искреност, и, секако, Ве очекуваме повторно и во секое време. На многаја лета!


pospatrkali2022 7
 
pospatrkali2022 9
pospatrohrid2022 1

 pospatrohrid2022 3 

 pospatrohrid2022 5

pospatrohrid2022 6

pospatrohrid2022 9

pospatrohrid2022 10

pospatrohrid2022 16

pospatrohrid2022 17

pospatrohrid2022 18

 pospatrohrid2022 22 

 pospatrohrid2022 23

 pospatrohrid2022 24

 pospatrohrid2022 25 

pospatrohrid2022 28

 pospatrohrid2022 30 

 pospatrohrid2022 31

 pospatrohrid2022 32

Повеќе:

http://www.dke.org.mk/index.php/3475-2022-06-22-09-28-51